Уште пред да го гледам, ми изгледаше мошне интересно, па по првите неколку минути се зачудив како е можно ваков филм да добива толку мало внимание. Одговорот го добив во тоа што следеше понатаму.
Но, да одиме по ред. Give 'Em Hell, Malone е акционен neo-noir филм, со Том Џејн (The Punisher) и Винг Рејмс (Pulp Fiction). Мелоун е приватен детектив, вешт со оружје, мајка во старечки дом, додека остатокот од семејството го загубил во рацете на злобни ганстери. На прв поглед, потсеќа дека ликот е многу сличен со The Punisher, освен еден детал кој ќе го изоставам поради спојлери. Мелоун доаѓа до вреден предмет по кој трагаат сомнителни фаци од подземјето и се вплеткува во приказна видена мал милион пати.
Ликовите, освен Мелоун, се толку лошо разработени што на моменти беше смешно. Дебилни хенчмени, неубедлив негативец и девојка на која и го знаев онапред целиот развој на ликот уште при првата нејзина сцена. На некои моменти сценариото е толку лошо напишано, што мислев дека можеби и е намерно. Освен неколку реплики на Мелоун што се онака, солидни/комични one liner-и, другото изгледа како да е склопувано од некоја ...For Dummies книга за пишување сценарија и ликови. Плус, пресвртите на крај можеа да се предвидат уште на самиот почеток.
Ќе заборавев јапонката да ја спомнам. Таков рендом лик немам нигде видено на друго место. Онака, "Еј, ќе стаиме онака јапонка, ќе се убаци тогаш, вака ќе напраи и топ ќе биде". Аха, океј. Функционира у филмови на Такеши Китано, можда. Тука не.
Очекував многу позабавен филм. Не е ич лоша генералната идеја за филмот, но куп елементи се некако недоработени, оскудни и бледи. Можело многу подобро, дури и со истиот буџет, пошто се е тука, Том Џејн е тука, малку само да искомбинирале подобро и со малку повеќе труд. Вака, Give 'Em Hell, Malone ќе пројдеше со повеќе од 5/10 кај мене...
1 comment:
Ми се свиде постов и затоа го гласав на Пинг.
Post a Comment