February 22, 2010

StarCraft 2 бета тестирање

Blizzard почнуваат со затворено бета-тестирање на Starcraft 2: Wings of Liberty. Чим развојот на играва е дојден до оваа фаза, големи се шансите да ја дочекаме до крајот на годинава. Гласините дека играта ќе биде пуштена во продажба на овогодинешниот Blizzcon, веројатно ќе испаднат вистинити.

Затвореното бета-тестирање е овозможено преку Battle.net акаунт. Значи, покрај акаунтот, потребно е само да се инсталира мала програма која ги тестира системските перформанси на корисникот, и после по случаен избор праќа покани со сериски број на среќниците кои ќе имаат можност да ја пробаат Starcraft 2. Е, сега, проблемот е во тоа што мојава крш машина сигурно нема да го пројде тестот, а и некако не ме сака среќата баш и ретко сум "случајно избран". Некои сајтови кои имаат сериски броеви за стартување на бета-клиентот организираат 'наградни игри' каде што може да се учествува за бројот, а кај и да е, ќе почнат и нелегално да се продаваат по други сајтови.

Јас ќе почекам барем за подобра машина, а плус и немам некоја голема желба за бета верзија. Ме интересира само што ќе испадне од играва, потрошено е толку време на неа (колку време ја одложуваа?) и баш сакам да видам дали ќе успее да го мрдне RTS жанрот од млитавата точка на која е фиксиран изминативе години. Од тоа што може да се види до сега, играта изгледа феноменално, но кај стратегиите гејмлејот е клучниот елемент. А, главната задача на Starcraft 2: Wings of Liberty треба да е задоволувањето на верните фанови на култниот оргинал кој се игра и по цели 12 години. Долго време се чека. Јас сум повеќе фан на Warcraft, меѓутоа за четврто продолжение нема ни муабет. Премногу се сконцентрирани на World of Warcraft и очигледно е дека многу малку се замараат со другиве игри.

Следно е Diablo III. Се најавува за наредната година. Ќе пишам повеќе за ова другпат...

4 comments:

Random nobody said...

Се врти некоја Бета vs AI по торентиве .
По мое мислење , Протос се imbo, ко за почетни 10на партии против АИ.

Бојан Николов said...

Знам дека има, ама никако да симнам. :) Плус, можно е да не ми ја вози на машинава.

Random nobody said...

Признај не го очекуваше моментот коа би требало/треба/ќе купиш графичка ради старкрафт. :))

Бојан Николов said...

Ја не го очекував моментот кога ќе има барем бета верзија на Starcraft II. :)

Исто ко сеа што не верувам дека ќе дочекаме Warcraft IV. :)