January 27, 2010

5ive Days to Midnight (мини-серија)

Какво пријатно изненадување е 5ive Days to Midnight. Мини-серија на Sci Fi Channel од 2004, не ми е јасно како и требаше волку време за да стигне до мене. Се гледа брзо, има само четири епизоди и е напната до самиот крај. Текстот подоле содржи спојлери, зошто не можев, а да не измрчам за крајот. Остатокот е феноменален.

Значи, главен лик е професор по физика (одлична улога на Тимоти Хатон) кој на гробот на неговата жена наоѓа чудно куферче со детали (исечоци од весник, полициски извештаи, слики, итн.) од неговото убиство кое треба да се случи по пет дена. Прво, се сомнева дека е невкусна заебанција, се до моментот кога почнуваат да се случуваат настаните опишани во материјалите од куферчето, за кое нели, сите сконтавме дека е пратено од иднината.
 

Во куферчето се наоѓа и полициски извештај со осомничените за убиството на професорот, односно сите ликови во серијата, и како што се билда приказната, секој станува сомнителен. Приказната се одвива интересно, куп заплети и пресврти и повлекува претпоставки што најчесто испаѓаат погрешно. Негде во третата епизода, ми стана јасно што е крајот, испадна ко што мислев само не како што го замислив. 
 
Професорот успеа да измени дел од трагичните настани кои се случуваат пред неговата смрт, но не успеа да ја спречи смртта на девојката која сепак умре. Од тука, сфатив дека професорот сепак умира и дека ќерка му е таа која го праќа куферчето од иднината, за да го спаси. Девојчето (кое ептен, ептен личи на Дру Баримур како мала) низ цела серија покажува дека е исклучетелно интелегентна, па по таа логика сконтав кој го пратил куферчето.

Е, сега, крајот. Зошто мораше целата маглива атмосфера на 5ive Days to Midnight да се упропасти со среќен крај и досаден пресврт? До тој момент серијата си тече совршено. Бев сигурен дека професорот ќе умре, па пораснатата ќерка од иднината го праќа куферчето. Да, ќе го прати, само за да ги измени настаните и да умрат многу повеќе други луѓе и да има хепи енд. Плус, џандарон испадна лош, еј не сери? Колку пати сме го виделе тоа? Доволно. Генерално, серијата е одлична, да имаше поинаков завршеток, ќе беше многу подобра како целина. Сепак, вреди да се гледа.

No comments: