October 20, 2008

What's up, Doc?

Каков е блогов, како Хан Соло во карбонит... Некако ми се намали слободното време, сезона е на обврски и учење, а и инспирацијата ми е спласната изминатиов период.

Што има старо-ново? Сликите од новиот Star Trek, полни со ерес и актери со сомнителна сексуална ориентација. Не сфаќам како повеќето фанови го прифатија Крис Пајн како Кирк. Има сублиминални пораки во маркетинг кампањата за Star Trek XI што не допираат до мене? Квинто е смешен како Спок. Кога сум кај тоа, "Heroes" ја тргнав од листата на серии што ќе ги следам сезонава. Втората сезона воопшто не ме импресионираше и решив третава што моментално иде да ја оставам за во иднина.

Сакав да пишувам пост за тоа колку владее "Terminator: The Sarah Connor Chronicles" и колку стана подобра по првите две епизоди. Успеа да се надоврзе на Terminator 2: Judgment Day, и тоа доволно добро за да не ми усере филм што ми е меѓу петте омилени. Колку што е блиску до духот на филмот, толку си е и посебен ентитет што би можел независно да функционира. Обично за работите имам големи очекувања и се разочарувам. Со серијава ми се случи спротивното. За вторава сезона се збори дека е последна, па се надевам дека ќе видиме некаков достоен завршеток. Штета, серијата е супер.

Ги следам и новите епизоди на "Big Bang Theory", "Family Guy" и "South Park". Првиве две забегаа уште повеќе (во позитивна смисла) додека "South Park" продолжи да оди кон дното и искрено се надевам на Треј и Мет ќе кажат "стоп" пред серијата главечки да тресне. "American Dad" ќе мора да причека. Нека легнат прво втора и трета сезона.

Star Wars: The Clone Wars уште го нема на добра снимка, не го гледав и не планирам да почнувам со гледање на серијата (излегоа три-четири епизоди) додека не го гледам. Деновиве сакав (и пробав) да почнам да читам некои Star Wars стрипови за периодот пред Лук Скајвокер, ама веројатно и тоа ќе го поместам за две недели.

Eте, вакумирав куп работи во еден пост и малку да го размрдам Crapwerk. Продолжувам и со маратонот на стари SF филмови, па ќе следи и апдејт на тој дел. Успат, се сеќава некој на The Incredible Hulk? Сега ми текна дека не го гледав.

Ej, да... НБА и новиот Бонд уште малце.

4 comments:

Losteech said...

„Каков е блогов, како Хан Соло во карбонит... Некако ми се намали слободното време, сезона е на обврски и учење, а и инспирацијата ми е спласната изминатиов период.“

Приметивме. =)))

Losteech said...

Sinne ако втората сезона на Херои не те импресионирала тогаш откажи се од серијата! Третата е неверојатно тиње. :/

П.С. Да, бетер е и од првите шест епизоди од трета сезона на Lost!

Anonymous said...

И јас Star Wars: Clone Wars не го гледав ради истата причина, но не можев да не ги симнам и изгледам бар првите 2 епизоди од серијата, одлична ствар!

Стигнав до 3-та епизода, па ќе видиме.

Бојан Николов said...

Ја ќе си го почекам. Ќе има R5 за некоја недела. :)