November 13, 2009

Квалитетна домашна музика

Факт е дека имаме доста квалитетна музика која некако паѓа во сенка на шундот кој упорно владее со години у вукојебинава, но сепак успева да го најде патот до слушателите. Решив да споделам неколку изданија кои денес потешко може да се најдат низ продавнициве, а верувам дека има луѓе кои би биле заинтересирани да ги имаат во било каков формат. Доколку некој од изведувачите, издавачките куќи или некој директно поврзан со албумиве подоле има проблем со тоа што се ставени за даунлоуд, нека пише, одма ќе ги тргнам.

ВЕРКА - Jaggah (2003)
Верка се бенд од Делчево и стилот си го декларираат како "џага" метал. Некоја нивна комбинација на тогашниот популарен ну-метал звук и етно елементи. За жал, квалитетот на Верка не успеав да го забележам тогаш, кога бев музички затупен, а бендот праеше партал на сцената. Ги заслушав асално пред две-три години и сега знам за каков одличен и уникатен бенд станува збор. Не знам што се случува денес со нив, знам имаа свирка во "Хавана" годинава и толку. Освен овој албум, немаат друго издание, барем не нешто ново. Штета ако Верка останат на Jaggah.

MOSAIQUE - ? (2000)
Памтам кога се појавија, само што и нив ги заслушав нешто покасно. На сцената беа поприсутни и од Верка, а ги снема исто така нагло. Бендови со огромен потенцијал, стварно штета. Знам дека имаше планови и за втор албум, но за жал никогаш не го дочекавме. Стилот им е многу сличен на Rage Against The Machine само со многу повеќе џез елементи, скречовите на Славе и куп други интересни детали. Имаат и закон преработка на "Зајко Кукурајко" со спотче, не успеав да го најдам нигде, се вртеше порано често на телевизија. Сепак, мене хитот од MosaIquE ми е "Најдобриот непријател".

ЧИСТА ОКОЛИНА - Новиот Аспект на Старата Школа (2001)
Нека каже некој дека "Пуздер" не е една од најдобрите песни снимени тука. Исто како Верка, касно видов дека Чиста се генијален бенд, иако не слушам многу хип-хоп. Како и повеќето, останаа само на едно издание, добија култен статус и огромна група на фанови. Денес дел од нив се со фамилии, други си бркаат своја кариера и филм, а со некои играм Меџик, пошто го држат "Гоблин." :) Закон бенд, супер музика и текстови, баш деновиве гледам на Фејсбук се организираат фановите и бараат реоформување. Незнам што ќе се случи, а би сакал да ги гледам Чиста Околина во живо, ако не сите, барем дел од нив на куп.

7 comments:

Anonymous said...

Верка издадоа и друг албум во 2010, Моторни Песни.

Anonymous said...

Верка имаат уште еден албум. Моторни Песни од 2010

Anonymous said...

Верка издадоа уште еден албум во 2010, Моторни Песни.

Anonymous said...

Верка издадоа уште еден албум, Моторни Песни, во 2010.

Anonymous said...

Во 2010 Верка издадоа втор албум, Моторни Песни.

Anonymous said...

верка издадоа втор албум во 2010, моторни песни.

Бојан Николов said...

Коментарите рачно се одобруваат. :)