Сигурен сум дека никогаш немаше да го гледам. Рекламата пред неколку месеци ме убеди да му дадам шанса, и за жал, само таа реклама е тоа што го двои од купот вакви бљувоштини што годишно се штанцаат ко шпански серии.
The Unborn ги собира сите елементи од азиските хорори со морбидни деца, ги комбинира со еврејски мистицизам, нацистички експерименти и сцени украдени од The Exorcist (ајде, да речеме дека последново е некаков трибјут). Звучи лошо? Многу полошо изгледа. Најголемиот проблем е што се вметнати многу работи во приказната, а ништо не е разработено како што треба, па затоа е толку грубо, натрупано и хаотично. Подобра опција на режисерот ќе му била да направи обичен копија-на-копија хорор, отколку да се обиде да искомбинира неколку. Иако успева да изненади со неколку интересни моменти, останатиот дел од The Unborn е во најмала рака смешен.
Глумата колку-толку беше ниво над стандардот за овој тип на филмови. Навикнат сум на многу полошо. Odette Yustman изгледа прекрасно, а може глуми лошо, незнам, бев сконцентриран на друг нејзин атрибут. Добра финта, уште од постерот знаев на која карта игра режисерот. Девојката ќе има блескава иднина со поголем филм или домашно порно. Само не ми е јасно што прави Гери Олдмен во филмов. Среќа што филмов брзо ќе се заборави, па така и неговата улога во него. Останатиот дел не е ни битен, добро, Џејмс Ремар, ама едвај се приметува.
Веќе мирисам втор дел што дефинитивно нема да го гледам. Ќе им треба многу повеќе од интересна маркетиншка финта за да ме убедат.
6 comments:
Потполно се слагам. Чиста компилација.Видиш , да не видов од кај тебе , ќе мислев дека Меган Фокс е цурата:)
Ептен личи. Ко комбинација од Џесика Алба и Меган Фокс е. :)
Џесика Фокс
Чек, ова беше рекламата Драш шо се посра на работа у 4 сабајле?
Хаха, тој е да. :) Дај му го на Драш филмов.
Мене ми се свиѓа филмов. Убава фотографија, пред се.
Post a Comment