Океј, само чекав кога комплетно ќе се сјебе франшизава (ќе има уште два дела) и еве, со петтово продолжение успеаа да стигнат до работ. Saw IV и не беше толку лош, имаше атмосфера, имаше некаква поента, дури и стапиците беа интересни. Ова што пред малку го изгледав повеќе ми личи како да излегло директно од дебелото црево на Hallmark продукција.
Не е тешко да се претпостави како се одвивал муабетот меѓу сценаристите, ден пред крајниот рок за предавањето на сценариото од шеесетина страници:
"Еј, пиша нешо бе? Утре треба да го даеме."
"Ц... Не знам, еве ќе ги мотнам претходниве два-три, ќе видам шо како. Ќе му се јавам и на Captain Obvious."
Катастрофа. Знам дека им се брзало, ама барем малку труд да вложеле. Немало толку потреба секоја ситуација и можен исход од истата толку да се објаснува. Не сме слепи, а ни глупи за да сфатиме некои очигледни работи. Веројатно недостатокот на интелегентно смислени стапици се обиделе да го пополнат на ваков начин. Да, ни јас не верував дека ќе останат без идеи. Веќе досадно е, по иста шема се прави, само што е многу полошо од тоа што бев претходно навикнат да го гледам.
Продолжение на Saw се сигурни пари, па дури и кога се работи за очајно и плитко остварување како Saw V. Не знам што ќе смислат за (по)следните два, но сега веќе немам апсолутно никакви очекувања. Веќе нема кај да одат, а репетитивноста доволно се осети тука. Дури ни постерот не е кул...
Saw VI излегува во октомври следната година.
2 comments:
А зошто воопшто гледаш вакви филмови?
Јас уште SAW 4 го неам гледано. Го пуштив пред некој ден од tv-links.cc но толку ми беше досаден што не го издржав, едвај онака првите 30 мин. и го исклучив.
Post a Comment