OGame неодамна го најави и обновувањето на дизајнот кој беше речиси ист од самиот почеток на играта, некаде во 2002 година. Новиот дизајн заедно со серверот (uni42) за бета тестирање беше пуштен пред малку и веќе се пополни квотата од 5000 играчи кои ќе тестираат. Од попладево следам што се случува на форумот, и после неколку неочекувани проблеми екипата од GameForge успеа да го крене серверот кој моментално работи беспрекорно. Има ситни багови, но за тоа е и бета верзијата, нели? Техничкиот дел е подинамичен, дури има и Flash.
Пред некој ден на Crapwerk ги објавив и скришотовите и трејлерот со кои го најавуваа освежувањето на OGame и мора да кажам дека во "живо" играта изгледа навистина добро и е прилагодена на Web 2.0 трендот. Сепак, мислењата на играчите се поделени, но со тек на време сигурен сум дека повеќето ќе се навикнат.
Ми се допаѓа тоа што секој дел од играта е детално разработен, па на пример, делот од планетата кај што се рудниците, се обновува со секоја нова градба. Тоа што е долу на скришотот, пред да изградам рудници, беше само празна трева и планини. Нешто слично како во Civilization II. Незнам битките какви се, се надевам дека ќе дознаам за неколку денови.
Би било добро и да вметнат нешто сосема ново, како што беше можноста за експедиција. Или барем да додадат и нешто ново, зошто сите исходи од експедицијата веќе на памет ги знам.
Претпоставувам дека тестирањево ќе трае најмалку една недела пред да го вметнат дизајнов и на другите сервери. Вчера беше отворен и uni41 кој си работи нормално, со стариот дизајн, па се регистрирав и таму. Twilight Armada алијансата е формирана и на uni41, се собравме десетина луѓе, па ако некој е заинтересиран може да аплицира за членство. Останувам да играм и на uni39. Ќе бидам и на uni42 додека трае тестирањево, немам намера да играм на три сервери, не сум до толку без живот.
No comments:
Post a Comment