Само што го добив чекот од Google со парите што успеав да ги заработам преку Google AdSense. По повеќе од една година, стигнаа 107 $ на моја сметка. Уште пред неколку месеци, скоро и да го баталив ова, но еве ми сега причина да продолжам. Можеби да бев малку поангажиран ќе заработев многу повеќе. Овие се од два-три блога специјално наменети за AdSense кои ретко ги обновував.
Значи, како што бев сигурен - Google AdSense функционира. Чекот е доволен доказ за тоа. Само да видам која банка зема најмалку провизија и да си го претворам во пари. Ете слика горе како изгледа.
Google AdSense овозможува неколку начини на исплата, но овој е единствениот што функционира кај нас.
6 comments:
Честито.. :)
Ај кажи која е „тајната“ за овој успех? :P
^
Да не си кликаш сам на рекламите.
Неможеш сам да си кликаш. :)
со ум да си ги трошиш :)
Фала Рибаро. Ќе треба да почекам најмалку две недели да ги префрлат во банка, поднесов барање вчера. :)
Не бре, знам. Се зезав, како одговор на она што го праша лостич. :)
Иначе браво, не е баш едноставно на ваков начин да се дојде до некој долар. :)
Post a Comment