July 21, 2008

Како изгледа Batman Begins после три години

Откако неколку пати паднав во искушение да симнам лоша кино-снимка од The Dark Knight (за среќа се убедив да почекам уште малку), решив да му дадам уште една шанса на Batman Begins. Го имав гледано само еднаш, пред три години кога излезе, бев комплетно разочаран и до денес го плукав колку што можев. Го гледав пак. Па, ќе мора да си голтнам неколку работи што тогаш ги кажав, зошто филмот реално и не е толку лош. Сепак, ова е уште една лекција да не се избрзува со заклучокот за филмот. Пред да седнам, размислив за неколку работи.

Прво, морав да се соочам со фактот дека Кристијан Бејл е тој што е избран за Бетмен/Брус Вејн, и тоа е. Каков е, таков е, да можам ќе го сменам, ама не можам. Второ, морав да прекинам да го споредувам со Бетмен на Тим Бартон, затоа што се работи за сосема поинаков пристап. И трето, сакав навистина да видам дали пак ќе успее да го постигне истиот негативен ефект како првиот пат. Одиме со неколку точки:

1. Кристијан Бејл е одличен актер, но дефинитивно не одговара за улогата, а се гледа дека навистина се труди. Останатата актерска екипа е солидна и супер функционира.

2. Нолан прикажува различен Готам, кој и не изгледа толку лошо поради тоа што изгледа реално, а таков е дури и целиот филм. Се случува во денешно време, за разлика од минатите на Бартон (ете, пак споредба, ама што да правам) кои се случуваа во време и на место каде што се случуваат сите негови филмови.

3. Сценариото и приказната беа океј. Таков е замислен филмот и тоа е, нема друго. Да не беше првата половина од филмот, тогаш немаше да се вика Begins, нели? Филмот покажува зрелост која отсуствува во сите претходни Бетмени, што не е негативна страна, но морам да спомнам.

4. Режијата е одлична. Тука немам замерки.

5. Костимот на Бетмен е лош. Единствено полошо беше оној со брадавиците на Џорџ Клуни. Маската е катастрофа и изгледа смешно.

Тоа би било во кратки црти. Филмот навистина е океј и мило ми што успеав да го гледам а да не бидам толку пристрасен. Ми пополни дупка во чекањево на The Dark Knigth, за разлика од анимето Batman: Gotham Knight што не ни го догледав од што ми беше досаден. Ќе му дадам шанса и на тоа. Деновиве ептен сум загреан за Бетмен, па ќе седнам ќе ги гледам филмовите пак, а ќе ги читнам и стриповите што ми останаа непрочитани.

5 comments:

Љубиша Сулимановиќ said...

истата грешка си ја направил како мене:) се утепав од пљукање, а го имав гледано на кино снимка во друштво... Сосема нова перспектива имам за филмот денес откако го изгледав на трезно:)
Остануваме на пактот за “непљукање више на Бејл зашо нема логика“? :))

Бојан Николов said...

Супер е филмот. Бејл што не го бива, не го бива, ама од тоа што можев да го видам од TDK (од трејлери и од семпловите додека барав асална кино снимка), не е толку лош ко во Begins.

Дали ќе го плукаме, ќе видиме после TDK. :)

Anonymous said...

Мене па обратно, првиот впечаток ми беше добар но кога го изгледав втор пат на тенане се запрепастив.
Ќе му дадам трета шанса зошто знам дека и јас малце го претерав. :/

Losteech said...

Доста плукате, почнува да смрди...

Бојан Николов said...

Каде виде плукање? :)