May 14, 2007

Family Guy

Избегнував Family Guy со години, поради тоа што ужасно ме потсеќаше на The Simpsons. Имав малку гледано, но и не треба многу за да се заклучи дека е копија.

Како и да е, другаров некако ме убеди да седнам и убаво да ја изгледам првата сезона. Не ме бендиса многу, ја симнав втората сезона, па третата... ја изгледав и четвртата сезона. За чудо, цртаниов го бивало. И тоа е ептен. Третата сезона е најдобра. Иако критикуван, плукан и споредуван со The Simpsons и South Park, гледам дека си има голема база на фанови.

Ликот на Питер, главата на Грифин семејството, е директен рип-оф на Хомер, само што е многу поретардиран и глупав. Лоис е жената, типична американска домаќинка, и даааалеку подобра од Марџ во секоја смисла. Ја обожавам.

Семејството има три деца. Крис, дебил исто како татко му, и за среќа не се обиделе да направат аналоген лик на Барт. Мег е тинејџерка којашто никој не ја сака и е веројатно најслабиот главен лик од целата серија. Оргинални ликови се бебето Стуи и кучето Брајан. Стуи е интелегентно, злобно и садистичко копиле кое си го мрази семејството и често пати пробува да ја убие Лоис. Најдобриот лик во целата серија и еден од најдобрите ликови коишто се појавиле во ваков тип анимирани серии до сега. Но, во споредба со Картмен, изгледа инфериорно.

Брајан е кучето што зборува и е најпаметниот и најразмумниот член на фамилијата Грифин. Покрај главните членови, има и еден куп други забавни ликови кои не би ги набројувал сега.
Family Guy имаат интересен хумор, остри критики до она коешто смеетаат дека не чини во светот, без разлика дали се работи за политика, музика, филм или нешто друго. Од овој аспект, се некаде помеѓу The Simpsons и South Park, сепак генерално гледано послаби и од двете серии. Ќе видиме за понатака. The Simpsons очигледно е дека се истрошени, и можеби Family Guy би биле добрата замена.

May 8, 2007

Лоши филмски продолженија II: Д Сиквел

За првиот дел, клик тука.


6) Terminator 3: Rise of the Machines
Немаше никаква потреба од овој филм, но сепак, се обидоа да искешираат. Приказната беше досадна, ликот на Шварценегер тотално усран... За кастингот подобро да не почнувам. Терминатор без Линда Хамилтон? Ај донт тинк соу.

7) Halloween: RessurectioГолем фан сум на серијалов и ги сакам повеќето продолженија. Пред да го гледам овој, немав никаква претстава околу дејствието. Филмот си почна феноменално и прилично ветувачки, за после 15 минути да се претвори во најголемото ѓубре што сум го видел. Со ова, серијалот си стана пародија на себе.

8) 007: Die Another Day
Уживам во (скоро) сите 007 филмови. Во овој не. Премногу СФ како за Џејмс Бонд филм. Лош избор за Бонд девојка (Хали Бери, бе!). Исто така, стариот Кју недостасуваше. И, зошто Пирс Броснан на почетокот од филмот изгледа исто како што изгледаше во Робинзон Крусо? :)

продолжува... (пак!)

May 1, 2007

Седум нови Светски Чуда

На седми јули оваа година ќе бидат избрани Новите Седум Светски Чуда. Иницијативата е покрената уште пред неколку години од Швајцарската организација New World Open Corporation.

Во конкуренција има 21 кандидат, како на пример, Статуата на Слободата, Колосеумот во Рим, Стоунхенџ, Кинескиот Ѕид, Статуите од Велигденскиот Остров, Ајфеловата кула и уште некои други. Во конкуренција била и Големата Пирамидата во Гиза, но е отстранета поради тоа што веќе е на листата на старите светски чуда.

Гласањето се одвива и преку интернет, јас не гласав, нема ни да гласам, некако немам фаворит од новиве. Од старите, нормално, Големата Пирамида. :)

Штознам, од една страна сево ова е интересно, но од друга е голема глупост, мислам, кој кур.. што ќе ни се нови седум. И кога ќе изберат тие седум, тие другите што ќе бидат? Што е светско чудо, енивеј? :)

Како и да е, клик тука.

April 17, 2007

Лоши филмски продолженија

Последниве неколку години во мода е правење на римејк филмови. Освен посерување на оргиналниот филм, ретко постигнуваат нешто друго. Но, настрана тоа. Има друга работа којашто ми иде на живци, а тоа се продолженијата. Тука се за да искешираат од славата на оргиналниот филм, и во поголемиот број случаи, серат по него, а некогаш и доживуваат големи финансиски катаклизми. Како и да е, еве листа на продолженија кои сметам дека треба да се избегнуваат:

1. Matrix: Reloaded и Matrix: Revolutions

Првиот дел ми е еден од омилените филмови. Имаше приказна, поента, добро сценарио... пример за добар и комплетен филм. Вториот и третиот дел, колку и да се визуелно интересни на моменти, некако ја пренатрупаа приказната и ја одведоа во сосема друг правец. Од СФ трилер, филмот стана СФ акција пренатрупана со досадни ефекти.


2.
Friday the 13th продолженија
Има ли крај на сагава? Само првиот и вториот дел се добри, другите ги имам од колекционерски причини. Интересни се за гледање, но само по еднаш. Некои се крајно дебилни и забегани. И ме нервира што Џејсон го направија бесмртен.
Jason X е еден од најлошите филмови снимени било кога.

3.
Batman & Robin
Од Бетмен филмови ги прифаќам само оние два на
Tim Burton. Во Batman Forever можеше да се види дека Џоел Шумахер не го бива за режисер на Бетмен. Пред се, Вал Килмер не беше погоден за улогата на Бетмен/Брус Вејн. Реализацијата на филмот можеше да испадне многу подобра, но тоа е тоа. Следниот филм, Batman & Robin беше комплетно разочарување за повеќето Бетмен фанови. Имаше интересни моменти, но и УЖАСНО лош кастинг, лошо сценарио, приказна режија.. Џорџ Клуни е одличен актер, дури и сам се кае што се појавил во филмов. Не личеше воопшто на Бетмен филм и беше пренатрупан со недоработени ликови и претерани специјални ефекти.

4.
Butterfly Effect 2
Тотално непотребно продолжение на феноменален филм. Приказната е иста како во оргиналниот, но многу лошо изведена. Повеќе би рекол дека е римејк, отколку продолжение. Освен
ефектот, нема други допирни точки со првиот. Додуша, има мала референца која го спојува со првиот, но е далеку од потребно. Самиот филм е непотребен.

5.
Kickboxer 5
Секогаш кога треба да набројам лоши продолженија, го спомнувам овој. Слоун е мртов тука, и друг тип ја одмаздува неговата смрт. Доволно?

Има уште многу кои не ги спомнав. Ќе пишам продолжение на текстов кога ќе имам повеќе време.

April 11, 2007

Силата

Кодексот на Џедаите


Нема емоции, има мир
Нема незнаење, има знаење
Нема страст, има спокојство

Нема хаос, има хармонија
Нема смрт, ја има Силата

* * *

Кодексот на Ситовите

Мирот е лага, има само страст
Преку страст, добивам цврстина
Преку цврстина, добивам моќ
Преку моќ, добивам победа
Преку победа, се ослободувам од ланците
Силата ќе ме ослободи

* * *

"Tell me what you regard as your greatest strength, so I will know best what to undermine you. Tell me of your greatest fear, so I will know what I must force you to face. Tell me what you cherish most, so I will know what to take from you. And tell me what you crave, so that I might deny you" - Darth Plagueis

April 4, 2007

Lost виц

Q: Колку ликови од Lost се потребни за да се смени сијалица?
A: Доволен е еден, но ќе му требаат три сезони.

March 13, 2007

Thang On-Line

Неколку години успешно ја избегавам World of Warcraft, пошто знам дека ќе ми го досјебе социјалниот живот (имам бе, имам!). Арно ама, не ги избегнувам останатите MMORPG игри. Кога ми скурчија browser-ските стратегии, се префрлив на THANG. Случајно ја открив летото 2006, барајќи нешто околу он-лајн RPG игрите. Ај, божем да ја пробам, па се навлеков, навлеков уште неколку другари... Играв неколку месеци, кренав јак lvl, не играв неколку месеци, ми го скинаа акаунтот... Јебига.

Почнав пак. Прво пред некој ден, ама си го заборавив јузерот и пасвордот (ewwww...), денес си направив нов. :) Херојот ми се вика TedBundy, заебан мајкоебач е, кревам левели моментално...

Доста беше за мене, дај малце за играта. Значи, fantasy MMORPG, скроз бесплатна. Се симнува од официјалниот сајт, тежи околу 400 MB. Потребен е само акаунт кој исто се регистрира преку официјалниот сајт.

Има убава 3D графика, можеби околината е малку монотона, но тоа е тоа. Исто така, лошо е што има само три раси за играње, не толку многу голем избор на оружја и опрема... Во секој случај, луѓето зад играта, се трудат (некогаш и не многу) да ја направат подобра, иако не забележав некоја голема промена од летоска до сега.

Треба и малку повеќе трпение за да се напредува во играта, затоа предлагам формирање на мали групи, се додека не се здобиeте со потребен левел за guild.

Тоа е тоа, најубаво е сами да си ја пробате. Клик тука.

March 9, 2007

Новата South Park, новата Lost...


Ги симнав штом се појавија на интернет, значи ноќта среда према четврток. South Park ја чекав новава сезона, неколку месеци. Увек ме нервираат тие долги паузи меѓу сезоните. Lost, фино си ги изгледав првите две сезони уште во септември/октомври, и чекав да излезе целата трета и тек тогаш да си ја изгледаам на раат, без да чекам секоја среда за нова епизода. Јебига, се заебав пред две недели, симнав се што излезе од трета, и сега си ја чекам секоја среда. И за South Park и за Lost.
South Park имаа одличен почеток на новата сезона. Треј Паркер и Мет Стоун се тотално нездрави. Овојпат тема на епизодата е фрката околу банирањето на зборот "nigger" во Америка. Супер епизода. Кога ќе ми текне дека минатата сезона имаше ужасен завршеток...
Lost малце го затупеа прошлата епизода. Да не речам со прошлите две. Некако тапкаа во место. Епизодава оди чекор-два понапред. Како што разбрав, серијата ќе има пет сезони, така што има време за све. :)

March 5, 2007

Сasino Royale (2006)

Филмов го чекав четири години. После толку шпекулации кој биде новиот Бонд, изборот падна на Даниел Крег. Многумина беа разочарани, меѓу тие бев и јас. На прв (втор, трет и така натаму) поглед, делува тотално различно од глобалната претстава за Бонд, архетипот што го создаде Конери. Мур беше различен, но сепак си ја обработи одлично работата. Иако имаше неколку други актери кои ќе одговараа на улогата, по гледањето на филмот сфатив дека Крег и не е толку лош избор. Конечно го гледав новиов. Целта на филмот беше да го претстават 007 во поинакво светло, и веројатно тоа им успеа. Крег го претставува Бонд во многу посурова и поладна варијанта. Нормално, не е тотално без емоции, барем што се однесува до жените во филмот. Во неколку точки ќе се обидам да го пренесам впечатокот што ми го остави филмот. 
 
 
Режија, сценарио и фотографија

Од овој аспект, ме бендиса ептен. Режија и фотографија, феноменална. Сценриото беше задоволително. Можеби требале да внесат повеќе хумор како во филмовите на Мур, и повеќе реплики за памтење, но тоа е тоа. Приказната си беше океј. Филмот сам по себе си е супер. Ако почнам да го споредувам со претходните, ќе извлечам заклучок дека е срање.
Акција

Уште во првите 10 минути бев пријатно изненаден. Сцената со бркањето на почетокот? Дефинитивно ќе се памти. Се работи за Бонд филм кој потсеќа на старите филмови. Акција, брканици, пукање, тепање... без многу СФ направи, или претерани компјутерски ефекти како во изминатите филмови. На кој Бонд до сега му кршеле јајцата и ебел без проблем после тоа?

Бонд девојки


Ме разочара фацата на Катерина Мурино. Има убаво тело, ама грда фаца. Ева Грин е океј. Ја заприметив и Ивана Миличевиќ. Тело, фаца.. баш таман. Штета што толку мала улога и дале.

Негативци


Интересен е ликот на Le Chiffre, а и Мадс Микелсен ја има таа злобна фаца. Можеби делуваше пичкесто на моменти, со слаб авторитет, ама тоа е тоа. И не го бива за покер. Други негативци нема, нема многу забележителни хенчмени...

Кастинг

За Бонд и девојките, кажав. Џуди Денч е одлична како М. Ама како можеле Феликс црнец да го направат!? Како?! Да ти ебам и политичка коректност и се! Останатите си беа таман. Мор ор лес.


Overall

Веројатно опфатив тоа што мислев дека треба. Не ми се свиѓаше колата на Бонд, и ми сметаше прекумерната употреба на
Sony Ericson во филмот. Претерале со рекламирање, ама барем знам дека имам иста марка на мобилен како Џејмс Бонд. Филмот е добар. Пријатно ме изненади, иако очекував дека ќе го плукам, како што го плукав Batman Begins. Музиката си беше океј, само што можеле повеќе да ја искористат добро познатата Бонд тема.

Си купив карта за Maiden!

Конечно си купив карта за Iron Maiden! Плус и маица ми дадоа, и тоа црвена. Јебига, црвена - црвена. Значи, 14.03.07, идеме за Белград. Мојот автобус е деветка. Ќе го свират цел "A Matter of Life And Death", плус добро познатите ствари како Fear of the Dark, Hallowed Be Thy Name, Two Minutes To Midnight... Ќе биде весело. Ги пропуштив еднаш во Загреб, и реков дека нема да ги пропуштам пак. Ова е можеби последна шанса да се видат Maiden во живо.