April 17, 2007

Лоши филмски продолженија

Последниве неколку години во мода е правење на римејк филмови. Освен посерување на оргиналниот филм, ретко постигнуваат нешто друго. Но, настрана тоа. Има друга работа којашто ми иде на живци, а тоа се продолженијата. Тука се за да искешираат од славата на оргиналниот филм, и во поголемиот број случаи, серат по него, а некогаш и доживуваат големи финансиски катаклизми. Како и да е, еве листа на продолженија кои сметам дека треба да се избегнуваат:

1. Matrix: Reloaded и Matrix: Revolutions

Првиот дел ми е еден од омилените филмови. Имаше приказна, поента, добро сценарио... пример за добар и комплетен филм. Вториот и третиот дел, колку и да се визуелно интересни на моменти, некако ја пренатрупаа приказната и ја одведоа во сосема друг правец. Од СФ трилер, филмот стана СФ акција пренатрупана со досадни ефекти.


2.
Friday the 13th продолженија
Има ли крај на сагава? Само првиот и вториот дел се добри, другите ги имам од колекционерски причини. Интересни се за гледање, но само по еднаш. Некои се крајно дебилни и забегани. И ме нервира што Џејсон го направија бесмртен.
Jason X е еден од најлошите филмови снимени било кога.

3.
Batman & Robin
Од Бетмен филмови ги прифаќам само оние два на
Tim Burton. Во Batman Forever можеше да се види дека Џоел Шумахер не го бива за режисер на Бетмен. Пред се, Вал Килмер не беше погоден за улогата на Бетмен/Брус Вејн. Реализацијата на филмот можеше да испадне многу подобра, но тоа е тоа. Следниот филм, Batman & Robin беше комплетно разочарување за повеќето Бетмен фанови. Имаше интересни моменти, но и УЖАСНО лош кастинг, лошо сценарио, приказна режија.. Џорџ Клуни е одличен актер, дури и сам се кае што се појавил во филмов. Не личеше воопшто на Бетмен филм и беше пренатрупан со недоработени ликови и претерани специјални ефекти.

4.
Butterfly Effect 2
Тотално непотребно продолжение на феноменален филм. Приказната е иста како во оргиналниот, но многу лошо изведена. Повеќе би рекол дека е римејк, отколку продолжение. Освен
ефектот, нема други допирни точки со првиот. Додуша, има мала референца која го спојува со првиот, но е далеку од потребно. Самиот филм е непотребен.

5.
Kickboxer 5
Секогаш кога треба да набројам лоши продолженија, го спомнувам овој. Слоун е мртов тука, и друг тип ја одмаздува неговата смрт. Доволно?

Има уште многу кои не ги спомнав. Ќе пишам продолжение на текстов кога ќе имам повеќе време.

1 comment:

Влатко said...

Бетмен 2. Мајкл Китон колку и да (беш)е чуден избор за Бетмен , таков жгољав :) , метро и жилет и познат по комедии, пак, го одглуми добро на Бетмен, и Мишел Фајфер беше совршен избор за Кeтвоман, ама па Пингвинот и Кристофер Вокен - кого глумеше таму Макс Шрек? тие 2 лика беа толку лошо направени, а крајот е ЕПИК ФЕЈЛ - пингвини со испран мозок крадат бебиња, толку Бартон не можеше да смисли нешто подобро од ова?...изгледа пафкал тревка. :P