Корејците ги имаат најубавите ММО игри. Мислам, освен кога го изразуваат фетишот кон цицлести шаренила со ангелски крилја. Добар дел од нивните продукти се преведени и за западниот пазар. Доаѓаат со закаснување, багови и ужасен гејмплеј, ама бар изгледаат фино. Еден пример што веројатно ќе треба да го почекаме до следната година е Lost Ark Online. Стандарден акционен RPG, кој прави Diablo III да изгледа прилично 8-битно. Рано е да се зборува за Lost Ark Online и дали ќе биде најдобриот акционен RPG до сега, зошто ниту во Кореја не е почната бетата. Не гледам ништо ново што ќе е подобро од ова, па да речеме дека ова е тоа што ќе го однесе жанрот некое ниво погоре. Нека позбори видеото околу тоа.
Исхајпан од Lost Ark Online, барав нешто слично за кликање. Diablo III ја пропуштам упорно на секој попуст до сега, Path of Exile ми здосади, па се сетив на Torchlight II. Со години одбројував до датумот на издавање, направив приордер, им ги колнев фамилиите секогаш кога ќе ја одложеа, а на крај кога конечно излезе, почна да ми фаќа прашина после неколку изиграни саати. Секогаш кога ќе видев како стои така тажно, ми паѓаше глупо. Пред недела дена ја инсталирав со намера да покликам некој саат колку да не почнам да одбројувам и за Lost Ark Online. Сега сум со петнаесет изиграни саати од тогаш и мраз на отечените прсти. Продолжив да го играм Outlander-от од пред две и пол години. Само што го почнав Act III, што значи сум негде по пола. Навлечен повеќе од било кога и изненаден како сум бил тргнат од играта толку време.
Да сум мислел тогаш што правам со изборот на спелови, немаше да губам толку време на умирање од малку поголема група на непријали, ама така играта ќе ми беше многу полесна. За жал, нема опција ги ресетираш комплетно дрвата со скилови, така што ќе морам да ја завршам сега со целиот голд потрошен на напитоци за преживување. Ако во Act III или понатаму има нешто како The Luminous Arena, ќе ми требаат сигурно уште петнаесет саати.
И, што се случило со Runic Games во меѓувреме, бе? Двајцата од главните фаци си отишле да прават своја компанија за игри. Очигледно ќе помине многу време додека видиме Torchlight III или ММО-то што го ветуваа додека работеа на двојката. Или било што друго што наводно тајно го развиваат во моментов. Path of Exile може пак да е следниот акционен RPG фикс за мене. За неколку денови почнува бета-тестирањето на новиот Act/експанзија, Awakening.
2 comments:
sve u torchlight ii e fino no igrata e zastanata i kje ja ostavat takva bez nitu edna ekspanzija. runic games krenaa race od nea taka da torchlight ii ide u istorijata
Штета. :(
Post a Comment