Стрип адаптациите изминативе неколку години некако цврсто си се градат како посебен жанр. Скоро секоја година добиваме нешто стварно квалитетно, а тоа се должи на насловите кои станаа репер за тие што допрва ќе треба да излезат.
Прво нешто што доаѓа и кај нас за некоја недела е Iron Man 3. Како што можам да видам од последниот трејлер, а во трејлерите на Marvel веќе нема простор за сомнеж, ова би требало да е најдоброто Iron Man остварување до сега. Она што беше The Dark Knight за Batman франшизата. Дауни Џуниор уште во првиот дел расчисти со тоа кој е Тони Старк и сега откако Бен Кингсли како Мандарин влегува во равенката, не гледам основа за заеб. Marvel успеаа да го задржат и негуваат квалитетот последниве неколку години, па ова сигурно нема да биде исклучок.
Минатата недела се појавија и нови, целосни трејлери за The Wolverine на Џејмс Менголд. Американскиот тука, а интернационалниот тука. Филмот ќе биде сместен после X-Men: The Last Stand и некако ми изгледа како подобро од се што беше адаптирано од ова. Како посебен филм за Вулверин, делува и супериорно во однос на оној од пред некоја година, кој на прво гледање беше солиден, а мааните му излегуваа на површина со секое наредно. The Wolverine е базиран на арк од Wolverine на Френк Милер, наслов што ќе се разлиста наскоро.
Хју Џекмен како филмски Вулверин мене ми е супер, само што никогаш канџите не му блеснаа во полн сјај. Дали поради сомнителните сценарија или него, не знам. Ете уште една шанса летово да се провери тоа.
2 comments:
Downey jr најверојатно си оди од Marvel после овој филм. Прескап им е за плаќање. Ама ќе нашле нов глумец и ќе продолжеле во таков случај. Нема да праеле reboot.
А Wolverine трејлерот нека не те пали. Немаше баш нешто спектакуларно. Ако ова е најдоброто од филмот тешко дека ќе биде добар. Иначе нема Wolverine на Miller. Тоа е приказна на Chris Claremont со цртеж на Miller. А според трејлеров не е таа приказна. Да не ти спојлеришам еве ти ја ѕирни ја (цела приказна и епилогот кој е mandatory). http://www.sendspace.com/file/8z3e7u
Па, нели 11 филмови? :(
Фала за линкот, баш ќе читнам!
Post a Comment