March 31, 2013

Новиот албум на Bonobo

Ден пред официјалниот датум на излегување, се појави новиот албум на Bonobo, The North Borders. Додека го пишувам постов, свири веќе четврт пат. За вакви сиви пролетни денови, не постои подобра музика од ова.


The North Borders е негов петти по ред и доаѓа после Black Sands од 2010, албум кој мене ми е во топ 10 изданија на сите времиња. Bonobo низ целата неговата дискографија успешно го еволуира звукот карактеристичен за него, па така што амбиентот од Black Sands е одлично пренесен и тука, со некои свежи елементи и детали. Како следбеник, The North Borders стои достојно, меѓутоа врвот веќе беше достигнат пред некоја година. Во секој случај, ова е најдобриот албум за оваа година, барем од тоа што преслушав до сега. Легна на прво слушање.

Единствено нешто што фали на албумов е Andreya Triana, како гостински вокал. Веројатно без неа Black Sands немаше да биде тоа што е. Има имиња кои одлично ги покриваат вокалите и на The North Borders, но типкава е единствена. Океј, да не го тупам понатаму, ќе го линкам спотот за првиот сингл, "Cirrus". Спотот е ремек-дело иако "Cirrus" не е најдоброто од албумот. Не ни можам сега да извојам нешто.

No comments: