Настрана сите сомнителни новости за Star Wars кои ме начекуваа на секој ќош периодов, The Clone Wars си истераа солидна сезона. Не ја следев баш редовно, така што и финалето дури денес успеав да го изгледам. Со години зборувам дека ова е најквалитетната анимирана серија (настрана хумористичните, нели) која моментално се прикажува и ни овој пат не успеа да ме предомисли. Како и во секоја сезона, имаше моменти кога работите ќе зачкрипеа, но веќе навикнав дека тоа служи само како филер за тоа што следи.
Петтата сезона на The Clone Wars, ја чепка мрачната страна на Галаксијата. Не зборувам за Темната Страна, тоа си е пристуно постојано на некој начин, туку за оној дел кој е последица на војната. Војната која за жал во приквел трилогијата воопшто не ја ни видовме, а серијава уште толку покажува колку се тие три филмови упропастен потенцијал. Во факинг анимирана серија гледаш како може да се билда приказна и како се развививаат ликови. Повеќе се приврзав за Кед Бејн отколку за Анакин во филмовите, кој во споредба со овој Анакин од The Clone Wars, делува како цртан лик. Иронично, нели?
Уште од самиот старт на The Clone Wars клучен лик беше Асока Тано, падаванот на Анакин кој никогаш претходно не бил никаде спомнат. Очекувано беше на крајот или во текот на серијата, Асока да се изгуби од сликата за настаните да можат логично да се поврзат. Со оглед на тоа што беа најавени пет сезони (а, ќе има и шеста), во последниот арк од последнава сезона продуцентите оставија простор за да го отпишат ликот.
Прв пат во серијата, прикажаа еден малку поинаков аспект на Џедаите, кој до некаде покрива дел од глупостите на Лукас во приквел трилогијата. Како може толку моќни Џедаи да бидат изманипулирани од еден човек, да дозволат воведување на нов поредок и да бидат речиси целосно истребени? Последниве епизоди на The Clone Wars суптилно покажуваат колку се Џедаите всушност глупави и дека можат да бидат лесно совладани, не само физички. Да се разбереме, во овој кош не ги ставам стариот Кеноби и Скајвокер од оргиналната трилогија, зошто нели реков дека ќе ги третирам како различни франшизи. Оттаму, одлуката на Асока да го напушти Редот ми беше сосема оправдана и логична. Шестата сезона веројатно ќе се бави со тоа што станува понатаму со неа. Асока ми стана супер лик (а, ја мразев на почетокот), и баш ме занима што ќе се деси.
Сезонава пак си играше со референци кон оргиналната трилогија, на моменти дури и премногу. Имаше една епизода каде што секоја реплика и ситуација беа позајмени од таму. Разбирам онака за финта, како омаж од време на време, меѓутоа некој очигледно ја гледал оргиналната трилогија онака 72 саати без прекин пред да ја пишува епизодата. Не ми текнува која беше точно, една од тие при крајот Инаку неколку пати симпатично си играа со такви детали, особено во последната приказна. Ентериерот на локациите каде што се одвиваа настаните, страшно многу личеше на она што го има Империјата во оргиналната трилогија. Дури мислам дека во иднина тоа и ќе прават, ќе го пополнуваат просторот измеѓу двете трилогии, барем со визуелни детали. Нешто сериозно фали измеѓу Dex's Diner и факинг Death Star, на пример. Ако воопшто некој се сеќава што е Dex's Diner... Но, додека се појави следната сеозна, ќе се изначитаме новости за Star Wars кои се многу полоши од Dex's Diner. Многу, многу полоши.
No comments:
Post a Comment