March 30, 2013

Две години RIFT

Овој месец RIFT го слави својот втор роденден. Како и минатата година, во Телара е присутен истиот карневал. Што се случи со RIFT во последнава година? Најголемата вест е дека конечно ја извадија првата експанзија, Storm Legion, која за жал не успеа да ги исполни ветувањата и очекувањата. Некој месец откако на играчите им беа отворени вратите кон новата содржина, во Trion почнаа работите полека да се распаѓаат. Барем во одделот на RIFT. Тимот го напушти Скот Хартсман, човекот кој има огромно искуство со создавање на ММО игри и беше одговорен за издигнувањето на RIFT како нешто поразлично на пазарот. Во меѓувреме, следеа многу отпуштања во компанијата со што тимот кој стоеше зад играта претрпе огромни измени.


Се немав логирано од крајот на декември. Ивентот за роденденот е веќе при крај, а и онака немав намера да учествувам активно. Карневалот е проширен и низ новите континенти, меѓутоа е потполно ист како ланскиот. Истите модели, истите мини-игри, само со некоја (непривлечна) награда плус. Башка, насекаде беше празно, најверојатно зошто веќе завршува и секој си ја тера својата работа. А, за луѓе, сеуште има. Дури и гилдот во кој што сум е активен и речиси сите се таму. Не знам само што им остана да прават, зошто откако си замина Хартсман немаше никаков апдејт освен овој со ивентов.


Играта моментално нема што да ми понуди. Содржината од Storm Legion ја поминав многу брзо, со оглед на тоа што целата експанзија беше некако надовршена. Единствено останаа Димензиите, кои веројатно следниот пат ќе ги пробам (годишната претплата ми истекува во септември). Гледам дека тој дел од RIFT одлично функционира и играчиве прават чуда. Од овој тип.

Иднината на RIFT за жал е мрачна. Штета, имаше огромен потенцијал. 

No comments: