March 24, 2013

World of Warcraft: Левел 90

Денес конечно фатив 90-ти левел, по еден месец откако стапнав на континентот Пандарија. Веќе неколку пати дрвев за тоа колку е најзакон експанзијата и колку цела таа атмосфера инспирана од кинеска митологија одлично се вклопува во целиот World of Warcraft концепт. Ова е и експанзијата што ги извади Blizzard од лајна после Cataclysm


 Пандарија е огромен континент, поделен на седум-осум зони и нормално, населен со Пандарени. Колку и тој свет да делува хармонично (ова е најблагата експанзија до сега), Пандарените си имаат свои срања и непријатели, многу поголеми од тоа каде да се испие следното пиво кои и самите страсно го произведуваат. Веројатно наголемиот проблем кој уште толку им го заебува амбиентот веќе нарушен од Mogu Империјата и негативната енергија преставена како Sha, се Хордата и Алијансата кои и тука стигнале да измерат чие копје е поголемо. Во приказната нема да навлегувам детално, зошто е премногу комплицирана за да се објаснува, туку само ќе пројдам неколку ствари кои ми оставија најсилен впечаток.


Квестовите се феноменални. Првите две зони ги проаѓав квест по квест, па ги следев и Chen Stormstout и неговата внука Li Li кои беа во потрага по корените, односно нивната легендарна пивара. Налетав и на еден од најдобрите квестови во целата игра, кој мора да се објасни со видео. На средина на една од планините, каде што се стигнува до онакви илјадници кинески скали, има таверна каде што го среќаваш синот на Deathwing во човечка форма. Едно од најепските доживувања беше и патот до Храмот на Белиот Тигар каде што живее Xuen, заштитникот на Пандарија. Blizzard отишле до таму со позајмувањето од кинеската култура, што има и огромен ѕид кој се протега низ пола од континентот.

Целата Пандарија има простор каде што како играч можеш да осетиш вистинска RPG авантура, што за мене како дете што сака да погледне под секое дрво и камен, е право гејмерско доживување. Затоа и после првите две зони, прекинав да ги правам сите квестови и отидов да видам каде се живеат Пандарените. Ќе пишувам во иднина повеќе за ова, зошто остана уште многу да се истражи.


До 89 левел, Mists of Pandaria нуди само четири инстанцирани данџни, но доволно интересни за да не бидат досадни и по неколку трчања. На 90-ти левел ми отвори ги отвори и Сценаријата. Ова е ново до сега за WoW, но RIFT го имаа имплементирано многу претходно. Сценаријата се исто така инстанци, но наменети за три играчи и се повеќе фокусирани на приказната. Има десетина, успеав да ѕирнам само едно. За рејдовите е рано, зошто уште немам асална опрема.

Доказ дека Blizzard ставаат дрога во игрите се и новите pet battles. Претходно малите придружници на играчот имаа само колекционерска вредност, но сега можеш да ги бориш со други животинчиња што ќе ги сретнеш низ светот, како и со оние на други играчи. Крајно заразна глупост, вчера успеав неколку саати да потрошам на ова, без да приметам колку време прошло. Ете, го чекирав и ова за посебен пост, па ќе пишам нешто повеќе.


Mists of Pandaria е сериозно добра експанзија која се надевам дека ќе им биде репер за кога ќе ја прават следната. Во меѓувреме, ќе се обидам да ги поминам сите квестови од континентот. Ова ќе биде првпат да видам ендгејм на официјален WoW сервер.

No comments: