March 23, 2013

Hearthstone, новата игра на Blizzard

Blizzard изминатиов период најавуваа нова игра која конечно ја презентираа на PAX East. Hearthstone: Heroes of Warcraft, на големо разочарување за оние кои очекуваа нешто сосема ново, е стратешка игра со карти сместена во Warcraft универзумот. Играта е најавена за Windows и Mac, а се спрема и верзија за iPad. Hearthstone e комплетен продукт на Blizzard за кој бил ангажиран тим од петнаесетина девелопери и нема речиси никаква поврзаност со WoWTCG, освен тоа што нели тематиката е иста. Трејлерот тука.


Играта треба да се појави оваа година со околу 300 различни карти во првата верзија, секако со опција за купување нови пакетчиња со што Blizzard официјално влегува и во бизнисот со микро-трансакциски модел, со изговор дека отсекогаш сакале да направат ваква игра. Колку и некои да се против, идејата е комплетно логична. Имаат на кого да го продаваат ова, и дури прашањето зошто волку доцна, кога до сега можеа да го молзат Warcraft универзумот на милион други начини.

Колку и да мрчев вчера, знам дека ќе изиграм некоја партија. Сакам игри со карти и перидов сум пак сериозно навлечен на Warcraft приказни. Во меѓувреме, статусот на Titan веќе станува митски. Веројатно успехот на Mists of Pandaria, им купи дополнително време. Titan треба да е нели џокерот за кога ќе заринка профитот од World of Warcraft.

3 comments:

Vortex said...

Геј.

Nick - Prime Fitness said...

druze kako da stapime vo kontakt?

Бојан Николов said...

@babakata, crapwerk [at] gmail [dot] com