May 14, 2012

Најава за серија: Revolution

Од почетокот на Lost, па до денес, нема сезона без обид за слична серија. Не сме поштедени ни оваа година, барем според трејлерот на Revolution. Овој пат, светот (мистериозно!) останува без електрична енергија, дури и возилата (мистериозно!) прекинуваат да функционираат. Луѓето се оставени без струја, како Ченто во зима, а приказната е сконцентрирана петнаесет години потоа. 
Светот изгледа како во Life After People, Влада не постои и дивеат банди со коњи и мечови. Гас од Breaking Bad е веројатно негативецот. Нормално, некој знае што се случило и веројатно тој некој поседува направа која дава доволно енергија за да запали компјутер. Некако можам да превидам голем дел од работите што ќе се случуваат.

Пред да кажам дека звучи интересно, ќе предупредам дека Џ.Џ. Абрамс е дел од ова, доколку сеуште некој го чита постов, а го изгасил трејлерот. Без оглед на тоа што Џон Фавро е режисер, претпоставувам само на пилотот, името на Џ.Џ. Абрамс е доволно за да се биде претпазлив со надежите околу серијата. Alcatraz му ја откажаа, а очигледно тој уште не се откажува. Колку серии ќе треба да му прекинат пред да сфати дека не е возможно да се повтори Lost

Друга работа. Дали дека пред некој ден изгледав, или ова стварно потсеќа на Jericho? Дали ќе трае повеќе од 10 епизоди или ќе ја скинат пред тоа? А, може ли Џ.Џ. Абрамс да спроведе маркетинг кампања во САД, наместо реклами среде прва епизода, да исклучат струја на кратко?

4 comments:

Ивана said...

Џ.Џ. Абрамс сака пари, а ќе вади вакви идеи се дур има продукции што го најмуваат.

Идеите се тие, ако е добро сценариото може и ќе биде добра серијава.

nikola said...

све измешано
ме потсеќа на тера нова
не веруем дека серијава ќе трае долго

nikola said...

све измешано
ме потсеќа на тера нова
не веруем дека серијава ќе трае долго

Бојан Николов said...

Најмногу една сезона. :)