Наместо да се посветам на пишување за квалитетни ствари како Breaking Bad, решив да потрошам муабет на Alcatraz. Не ми е поентата да бидам зол и да мрчам, туку само сакам да предупредам и да објавам дека од денес па натаму, секој продукт на кој е потпишан Џ.Џ. Абрамс ќе го избегнувам како мене техничката поддршка на Телекабел.
Невиден и креативен промо материјал?
Alcatraz е уште еден од оние обиди за серии чиј коњ пробува да јава со самар обележан со DHARMA симбол. Не знам уште колку серии треба да пропаднат пред некој да се сети дека сеуште е рано (и така ќе остане уште долги години) за нешто како Lost? Мислам, единственоста и големината на Lost уште се осеќа во воздухот и навистина нема потреба од пополнување на дупки кои не постојат. "Квалитетот" на Alcatraz беше најавен уште со онаа одлука со која серијата доби mid-season replacement третман, но некако пак бев заинтересиран. Фин кастинг, интересен сетинг и 'звучно' име некако ветуваа барем океј реализација. И јас, будала, пак поверував на Џ.Џ. Абрамс, за среќа, последен пат.
На кратко, што е приказната? Најпознатиот затвор во светот е затворен и сите 'жители' се пренесени во други затвори. Само што не се случува тоа, туку мистериозно исчезнуваат. Флешфорвард во денешно време, еден по еден почнуваат да се враќаат. Делува занимливо, зар не? Само што не е. Воопшто не е. Има катастрофална нарација, крајно аматерско сценарио и ликови интересни како македонска хумористична серија од крај на 90-ти.
Очигледно ова е единственото што може Сем Нил да го работи во моментов, а се гледа дека не се труди. Харли од Lost е тука, со сличен лик, само што е тотално неуверлив. Буквално се што се случува во првата епизода на Alcatraz е комплетно исфорсирано и без душа. Уште на крајот кога сфатив дека секоја епизода ќе се занимава со различен затвореник, ми стана јасно за каква глупост потрошив време. Слично ми се деси со The 4400 пред неколку години, со тоа што разликата беше меѓу пилот-епизодите на двете серии. The 4400 имаше барем добар почеток.
Лоша серија. Не вреди да се троши време зошто ќе пропадне како The Event.
2 comments:
Го погледнав трејлерот за серијава и многу тапа изгледаше, и после кога искочи пилотот IGN му дадоа 6.5 и јасно ми беше. :)
Абрамс ќе си остане "Спилберг wannabe" изгледа. Супер 8 не беше нипто посебно, таков филм со атмосфера од 80тите не може да се сними денеска а и Лост не ја заврши како што треба, што викаат од ЦКМ "на крај немаше ништо". :)
Штета. НИ требаат денеска креативни талентирани режисери освен тројката Финчер-Аронофски-Нолан (да не ги заборавам БЛомкамп Данкан Џонс и сега гледам Кроненберг Јуниор прави типичен "Кроненбергшки" филм), вака останува сеуште да чекаме на Спилберг, Камерон, Ридли Скот за да видиме нешто квалитетно и креативно.
И мене се повеќе така ми изгледа :)
Post a Comment