September 22, 2010

The Event 1x01 - I Haven't Told You Everything

Новата сезона на серии во САД започна оваа недела. Меѓу новите сезоните на старите серии, почнаа со прикажување и неколку сосема нови, од кои и The Event. Американската телевизија упорно се труди да најде некаква замена за Lost, серија со сличен формат и тематика. Минатата година тоа беше FlashForward, а оваа година на NBC ќе гледаме The Event.
Во кратки црти, дечко и девојка заминуваат на крстарење и по низа сомнителни настани (no pun intended) девојката исчезнува и сите податоци за нивниот престој се избришани. Во меѓувреме, сестрата на девојката е киднапирана, нивната мајка ја убиваат, и го гледаме таткото како управува патнички авион право кон местото каде што се одржува пресконференција на Претседателот на САД каде што треба да се открие нешто важно на јавноста. Пред да удри авионот, се отвара портал и авионот го снемува. До тој момент, ми изгледаше на напнат политички трилер, нешто како (многу) поблага варијанта на Rubicon. Тогаш и ми прекинаа сите можни споредби со таа серија. Тие што ја гледале последната епизода на Fringe од прва сезона, верувам дека се поднасмеале како мене.

Сите настани се случуваат измешано, раскажани се преку флешбеци (ха, Lost), но не е воопшто комплицирано за следење. Значи, се работи за СФ драма и мило ми е што за разлика од Lost, СФ елементите ги гледаме на самиот старт. Не дека и ова нема да проба да ги влече мистерииве, меѓутоа ми изгледа дека ќе се развива побрзо.

Интересен старт, многу работи се случуваат за кратко време така што сеуште не успеаа да ги претстават ликовите како што треба, зошто поголемо внимание се обраќа на приказната. Имам некое гадно чувство дека The Event нема да издржи повеќе од една-две сезони. Прво, веќе видовме обиди за вакви серии пред скоро време, и второ, сеуште е рано да се нуди нешто што наводно ќе ја пополни празнината што ја остави Lost. The Event делува како да се труди да ги земе најдобрите елементи од Lost, 24 и Fringe и да ги исфорсира во нешто што мислам дека е рано да се и фрли на публиката. Барем на мене. Се зависи од следната епизода. И FlashForward почна слично, за на крај да не ми остане ништо во сеќавање од таа серија.

Е, сега. Што всушност е 'Настанот'? Порталот? Вонземјани? Друга димензија? Владин експеримент? Што и да е, верувам дека веќе сме го виделе негде, освен ако и The Event не се обидува да измисли топла вода, Остров и тајни организации. Кои се 'Тие' што помагаат? 'Другите'? Ќе се гледа ова и следната недела. Сè уште е рано.

1 comment:

Losteech said...

За мене крајот ја спаси епизодата, претходно беше ОК, ама после крајот веќе сите настани добија поинаква димензија... мислам дека наредниве епизоди ќе бидат многу подобри од првава која како што пишав во мојот пост изгледаше како да е половична баш од причина што токму кога заврши како да почна да се оправдува самиот наслов на серијата.. :)