September 18, 2010

Iron Man 2 (2010)

Некако ми беше логично вториот дел да го надмине претходникот, и за среќа, Iron Man 2 успеа во тоа. Првиот дел беше само вовед за тоа што би можеле да очекуваме понатаму од овој херој. Сосема солидно продолжение, кое лесно се надоврзува на оргиналот и функционира одлично. Роберт Дауни Џуниор уште еднаш ми потврди дека тој е вистинскиот актер за улогата на Тони Старк и освен него не би можел да замислам друг. Човекот е полн со харизма и талент и перфектно го доловува ликот на Старк. Со оваа улога докажа дека е меѓу најдобрите актери од оваа генерација.

Вториот дел кај филмовите базирани на стрип најчесто располага со простор погоден за поинтересна приказна, нема потреба да ја запознава публиката со постанокот на херојот, и ретко кој режисер успева да го искористи тоа (пример, The Dark Knight успеа, Rise of the Silver Surfer не). Џон Фавро, покрај тоа што себе си доделил мала улога, ја користи истата формула за успехот на првиот Iron Man, свесен за тоа што публиката сака да види и начинот на кој ќе биде тоа сервирано. Iron Man 2 на прво гледање успеа да влезе во моите омилени супер-херојски филмови

Светот веќе знае кој е Ајрон Мен. Тони Старк се наоѓа растргнат од Владата, конкурентот Џастин Хамер, лудиот одмаздољубив Иван Венко (Whiplash), Ник Фјури, додека се обидува да се справи со паладинумот во реакторот кој му е потребен да го одржува во живот, но и кој полека го труе неговиот организам. Хамер наоѓа заедничка цел со Венко, а тоа е да го уништи Старк и неговата индустрија и да и понуди на американската армија сопствена верзија на воени оклопи базирани на Ајрон Мен.

Се појавуваат и други ликови од Марвел/Ајрон Мен универзмот како Наташа Романов (Black Widow), a конечно го гледаме и Семјуел Л. Џексон како Ник Фјури во сцени подолги од неколку секунди. Одлична најава за новиот The Avengers филм, има и ситни референци и до другите членови на Авенџерс, кои нема да ги спомнам поради спојлери. Роуди се појавува како War Machine и игра клучна улога при развојот на приказната, само што не мене и не ми направи некоја голема разлика.

Сите актери одлично си ја сработиле задачата, Мики Рурк е совршен негативец, а Сем Роквел заслужува многу поголемо внимание од било кога. Типот е цело време некако во позадина, а никако да му се посреќи со некој асален филм како Moon. Гвинет Палтроу и Скарлет Јохансон се онака, океј, колку што им дозволува сценариото да бидат. Се надевам дека барем од Скарлет Јохансон ќе видиме нешто повеќе во The Avengers.

Ефекти и слично, како што сме и навикнати да гледаме денес. Изгледаат реално, прецизно исполирани до совршенство, убави за гледање, меѓутоа веќе се стандард кој нема потреба да се коментира, а јас упорно го правам тоа со истава реченица секогаш кога ќе дојдат ефектите на ред да се спомнат...

4 comments:

Развигор said...

Постов е препорачан на насловната страница на Пинг.мк.

Влатко said...

СПОЈЛЕРИ

Не знам што бараше еден од моите омилени глумци Мики Рурк у филмов да се понижува толку, еден таков глумец како него. Демек направи камбек со Wrestler и пак се заглави во (вакви) просечни/лоши филмови. :(
Не научија ништо од Бетмен кецот и од Д Дарк Најт, дека и на негативецот треба да му се посвети исто внимание како на (супер)херојот и дека треба да бидат на исто ниво, а не негативецот да биде некој картонски лик кој е тука за да умре на крајот.
А крајот. Толку ли е тешко да се направи една подолга епик борба што ја чекаш цело време додека го гледаш филмот. Вака Ајрон Мен и Вор МАшин си направија хај фајв и Мики Рурк го снема. И толку. Мислиш
ќе изрипа од негде според старото правило од хорор филмовите, ама јок брате.
:)

Влатко said...

Мики Рурк ми го потврди коментаров хехе -

http://www.worstpreviews.com/headline.php?id=23242&count=0

Бојан Николов said...

Хаха. Како и да е, мене топ ми беше и Iron Man 2 и Мики Рурк у него. :)