July 26, 2010

Трета шанса за Fringe

Fringe не успеа да ме задржи ни со првата, ни со втората епизода. Ниедна не успеав да догледам до крај. Имав некои големи очекувања, а серијата испадна многу послаба отколку што мислев. Од трета епизода, ја гледав поинаку. Се адаптирав на ефтините приказни, претходно видени на The X-Files и си го спуштив критериумот неколку нивоа подолу. Не дека имам проблем со ваков тип на СФ, напротив, меѓутоа мислев дека Fringe е нешто посериозно. Деновиве ја догледав првата сезона.

Серијата ја вадат ликовите. Баш тоа беше причината да се обидам да ја изгледам и третата епизода. Питер и Волтер Бишоп се најдобри. Различен Бишоп ми е омилен од епизода во епизода. Нивната врска, конфликти, ситуации во кои се приморани да функционираат заедно, прават некаков баланс во епизодите, зошто од друга страна е Оливија Данам, детективката што едноставно неможам да ја поднесам. Најлош можен избор за главен лик, од актерката до тоа како е напишан ликот. Постојано изгледа како да е болна и потресена, а во моментите кога треба да покаже смелост и авторитет, е неуверлива. Абадон од Lost ми беше интересен на почеток, па понатаму го снема и испадна дека е ептен сомнителен спореден лик. Искрено, очекував бар малку повеќе.

Абрамс изгледа има фетиш за мистериозни организации и корпорации, па тука наместо DHARMA има Massive Dynamics. Исто и за моќни ликови кои влечат конци, се спомнуваат, а не се прикажани, како Џејкоб или Вилијам Бел... Не дека споредувам, туку само забележувам шаблони кои можеби и се ненамерни. Дури има и лик кој претпоставувам е инспириран од Cigarette Smoking Man (еден од моите најомилени ликови воопшто) и веројатно е обид за да се постигне сличен ефект ко со CSM. Се вика The Observer и во првава сезона никнуваше од време на време, колку да има уште некоја мистерија плус.

Приказните одат од крајност во крајност. Има епизоди што се океј, и има некои тотално смешни и неинвентивни. Овој тип на СФ серии ми е бајат одамна, видено е веќе се, нема трошка оргиналност, а веројатно серијава опстојува (од есен трета сезона) зошто на неа е потпишан Џеј Џеј Абрамс. Нешто како V, само со многу подобро сценарио. Првава сезона беше интересна, по некоја епизода за пред спиење и толку. Просек. Без лошите епизоди и Оливија, можеби ќе добиеше некоја повисока оцена. Последните две епизоди беа најдобри од цела сезона. Конечно се појави Вилијам Бел (знаев кој е) и се отворија некои прашања околу паралелниот универзум, ама не верувам дека ќе гледам понатаму за да видам што ќе се случува. Сега за сега, доволна беше првава сезона, не ме завлече да гледам понатаму.

The X-Files останува најдобрата серија од својот жанр. Fringe не е комплетен рип-оф на The X-Files, но не нуди ништо ново и возбудливо. Баш е како серија од 90-ти, со подобра продукција. Затоа и ме чуди како уште не е укината... И пак да кажам, Firefly ја укинаа, оваа уште се прикажува. Пу.

1 comment:

Losteech said...

Добра е Fringe. Покрај толку срања на ТВ ова е ремек дело. Ме чуди што Chuck си ја прифатил, а Fringe не, ама ОК, секој со свој вкус.

Иначе немам се’ изгледано од втора сезона, ама мислам дека е доста подобра од првата. Дејството е поповрзано и се разоткриваат се’ повеќе и повеќе работи од митологијата.

Згора на тоа Волтер Бишоп е подобар од било кога! ;)

А што се однесува до сличностите со Lost, имаш право. Абрамс си има изградено свој шаблон за мистериозни серии, очигледно. :)