September 28, 2010

Толку од The Event...

За мене толку. Вторава епизода од The Event комплетно го урна потенцијалот што го имаше пилот епизодата. Очигледно намерата на продуцентите е да направат серија која ќе ги искомбинира добрите елементи на Lost, 24 и (за жал) V, меѓутоа во вторава епизода се виде каков хаос е целата серија. Како причини за лошиот впечаток ќе ги наведам пребрзото темпо (веројатно ќе се открие се во третата епизода), клишеизираната приказна и, на крајот од епизодата, катастрофалното сценарио. Зборувам за сцената кога типот (главниот лик, толку е битен што не му го памтам ни името) е веќе уапсен и пробува да им докаже на џандарите (ако се уопште џандари) дека е невин.

Покрај тоа, мистериозните затвореници испаднаа дека се вонземјани, односно дека не се баш од овој свет. Кај сум го видел тоа скоро? Во V? Само што тука не дојдоа толку спекатуларно. Што ќе прават сега, ќе се обидат да ја превземат Земјата? Дали воопшто е битно? Ах, да. И во The Event пробуваат да вметнат мистериозна низа на броеви ко во Lost. Веќе е видено и тоа. А, баш мислев дека пак ќе имам серија што ќе ја следам редовно и со нетрпение ќе ја чекам новата епизода. За среќа, тука е Rubicon. Со секоја епизода станува подобра и подобра.

The Event веројатно ќе добие уште една шанса од мене, следната недела.

1 comment:

Losteech said...

Мене ми се допадна. Мислам дека не се работи за вонземјани... сигурно е нешто друго во прашање.

Ќе видиме, сигурен сум дека штом до втора епизода знаеме волку, сепак... НИШТО не знаеме. Освен ако се до толку мрднати па намерно се само-уништуваат...?