December 8, 2009

FlashForward на пауза до 2010

По емитувани десет епизоди, FlashForward заминува на пауза до март следната година. ABC како причина за прекинот, ги наведуваат Зимските Олимписки Игри, поради кои и последната епизода на Lost ќе биде прекината.

Серијата не е лоша, само што некако си мислам дека нема да трае многу. Добро е тоа што е многу подинамична во споредба со Lost и бар за сега, не се расфрлаат со мистерии за кои ќе треба да пројдат неколку сезони за да бидат објаснети. FlashForward веќе завзема некаква форма и тек по кој ќе се движат настаните, па се надевам дека во иднина нема да ги искомплицираат работите. Значи, сфативме дека самиот 'флешфорвардот' директно влијае на иднината кои луѓето ја видоа шест месеци од блекаутот. Знаеме и кој го предизвикал, остана уште разоткривањето на целиот заговор и причините, па ете материјал за уште неколку сезони.

FlashForward ми има еден голем проблем. Ликовите ми се некако неубедливи, па тешко е да ти е гајле за нив. Не ме интересира ни кој ќе умре, ни дали ќе умре и што ќе се случи. Дури и пресвртот во последнава епизода не ме потресе којзнае колку. Можеби дека пребргу ги објаснуваат работите, или па уште не се случил вистинскиот пресврт. Имаат време до март да пробуваат различни ствари, други и ликови и да набацат нешто плус во приказната. Вака е празно, а тоа што го има не е доволно за серија од ваков тип.

1 comment:

Losteech said...

Ц, последната сезона на LOST ќе си тера без паузи. :)

FF и V се прекинати затоа што се нови серии па не им се ризикува многу-многу.

Инаку последниве две епизоди на FlashForward беа одлични. Конечно започна да ми се допаѓа серијава! :)