Фан сум на хорори уште од дете. Имам голема колекција, филмови собирани некои седум години. Одамна се спремав да пишувам околу омилените, а денес имам и (глупа) причина за ваков пост. Еве неколку хорор филмови што ми се особено драги и сакам да ги препорачам. Има уште многу други што ги имам намерно испуштено, а спремам нешто и за нив.
1. The Omen (1976)
Долго време The Omen го сметав за омилен филм, со тоа и омилен хорор. Го гледав речиси секој ден, дури и денес знам цели дијалози од филмот на памет. Откако синот на американскиот дипломат Роберт Торн (извонредна улога на Грегори Пек) ќе почине при раѓање, ќе го замени бебето со друго бебе, без да и каже на сопругата. Испаѓа дека тоа е всушност синот на Сатаната и може да се убие само со Седумтте бодежи од Мегадо. The Omen е сеуште ненадминат хорор до ден денес, нема филм со толку морбидна атмосфера и таква музика како на Џери Голдсмит. Филмот има уште три продолженија и еден римејк.
2. Halloween (1978)
Не може "Halloween Special" без овој филм. Верувам дека сите имаат гледано барем еден дел. Јас ги сакам само првите два, другите се океј се до последниот пред римејците на Роб Зомби, Halloween: Ressurection. Комплетна утка што ја закопа франшизата која колку толку мрдна со Halloween: H20. Мајкл Маерс ми е омилениот убиец од слешер хорорите. Кога пробаа да го објаснат однесувањето на Мајкл Маерс, тогаш почна да тоне Halloween ко франшиза. Добро, тоа и смртта на еден од клучните актери, Доналд Плисенс.
3. Re-Animator (1985)
Осумдесетите според мене се златното доба на хорор жанрот. Тогаш се појавуваат сите слешер франшизи што за жал денес се мртви поради идиотските безбројни продолженија. Re-Animator бега од тој тренд, накај андерграунд хорор-гор жанрот кој во тоа време е популарен во многу потесни кругови. Се работи за хорор-комедија, најдобрата од овој жанр, инспирирана од дело на Лавкрафт. Херберт Вест, ексцентричен студент на медицина, патентира "лек против смрт" со кој оживува мртви луѓе. Проблемот е што лекот ги оживува само физички, додека се ментално сеуште прилично мртви, па имаат само инстинкт за преживување и обожаваат да напаѓаат луѓе. Има уште две продолженија, исто добри, а веќе неколку години се најавува и четврто, каде што докторот Вест ќе се обидува да го врати во живот починатиот американски претседател. Поради овој филм, Џефри Комбс ми е во топ 10 актери. А, да. Требаше да има и серија, ама не знам што се деси со тоа.
4. Saw (2004)
Повеќе пати сум спомнувал, и на Crapwerk, дека Saw ми е еден од омилените хорори. Уникатна приказна, нов стил на хорор кој комплетно го редефинираше жанрот денес. Успеа да се пробие низ купот клишеизирани хорори и да си најде своја публика што ќе дава пари за лоши продолженија како што беа последните два филма. Новиот излезе деновиве, според рецензиите бил добар, го сметаат за најдобар после првиот, речиси и да нема негативна критика. Ќе го гледам кога ќе излезе на подобра снимка. Saw кецот е извонредно искуство првиот пат кога се гледа, има изненадувачки крај што може да се доживее само еднаш. Вториот дел не беше толку лош, третиот така-така а за другите два, веќе пишував тука.
5. [REC] (2007)
Пред [REC], до сега ме имаат исплашено само два филма, They (1993) и Grave Secrets: The Legacy of Hilltop Drive (1992) и тоа пред повеќе од десет години. [REC] е шпански филм, снимен со минимален буџет, без сетови и со една камера. Снимен е во стил на документарец, откако ТВ екипа ќе биде заробена во зграда во која има нешто што не е баш природно и човечко. Баш тоа што делува реално, го прави филмот толку језив. Има и американски римејк што не планирам да го гледам, а се има и втор дел годинава, директно продолжение на првиот, шпанскиот.

4 comments:
Бојан, ај набаци торент од Grave Secrets: The Legacy of Hilltop Drive. :)
само шо се враќам од Трик ор Триит.... Насобрав Вреќа со Чоколатца.... среќен сум сеа....
Нема торент, Репидшер еве: http://www.warez-bb.org/viewtopic.php?t=1485673&highlight=
Го имам гледано ко мал, ми текна одма на некои сцени кога го видов девојчето. Btw thanks for the links, конечно открив како се вика филмов и си го стаив у колекција.
Post a Comment