October 19, 2009

20 години The Simpsons

The Simpsons го слават својот 20-ти роденден. Цртаната серија која ми го обележа детството, доживеа 21 сезона со вкупно 445 епизоди и еден долгометражен филм, што излезе во 2007. Плус огромен број на игри, стрипови и куп други ствари. Не знам што се случува денес со серијата, не ја следам редовно, имам гледано негде до 17-та или 18-та сезона, а првите 10 сезони ги имам гледано најмалку три пати, уште кога ги даваа на телевизија.


Дома ги имам до 18-та сезона, знам да си пуштам некоја епизода од време на време, особено старите кои голем дел ги знам на памет. Хуморот неможе да се мери со генијалноста на Family Guy или South Park, но ликовите тука ми се подраги од било кои други и баш поради тoa, серијата ми е секогаш интересна. Квалитетот е одамна опаднат, меѓутоа гледам дека и понатаму си фураат и успеваат да задржат доволно публика за уште сезони. Не верувам дека имаат нешто ново да понудат, ќе ѕирнам баш кога ќе немам нешто друго за гледање, а сигурен сум дека ќе траат повеќе од било која друга анимирана хумористична серија која се прикажува денес.

По овој повод, фановите ќе може да земат учество на натпреварот во создавање на нов карактер кој ќе стане дел од серијата.

1 comment:

Внукот said...

Друже, уште си е добра серијава. Ги гледав сите и уште ги гледам. Во право си дека квалитетот е опаднат, ама тоа е во корелација со првите сезони. Инаку и натаму си држат квалитет. Јас барем сум задоволен.