October 30, 2009

Трејлер и вести за последната сезона на Lost

Не ми се верува дека Lost завршува и дека волку брзо проаѓа времето до почетокот на последната сезона. Дефинитивно најдобрата серија некогаш снимена и мило ми е што ја следам додека се прикажува. Последната сезона ќе почне кон крајот на јануари следната година и требаше да заврши некаде во мај. Е сега, после неколку епизоди Lost ќе паузира до март поради Зимските Олимписки Игри. Глуп потег на ABC да ги стопира сериите, бидејќи ЗОИ во САД ќе се прикажува на NBC. Ко малку да чекавме и да си идеше без прекини до сега...

Се појави и тизер трејлер, уште една глупост, зошто нема ниту една секунда нов материјал од новата сезона. Продуцентите одлучиле да не прикажуваат ништо ново до премиерата на првата епизода.

Едвај чекам јануари, а ќе пројдам и низ паузата. Чекав толку години за крајот, па два месеци не ми се проблем. Знам дека конечно се ќе се објасни и ќе ни биде многу подосадно во иднина...

2 comments:

Darth Neno said...

Најдобрата серија? Are you serious? Дефинитивно најдосадната, ever.

Бојан Николов said...

Сериозен сум. :) Нема серија што ме има вака измрдано.