September 18, 2008

За WALL-E

Го гледав WALL-E вчера. Прекрасно филмче. Си ги оправда критиките, а ги надмина моите очекувања. Саат и пол совршена анимација, приказна и роботче со тажни очи со кое ако не сочуствувате од почетокот, филмот нема да има смисла. Бар јас така го доживеав. Секоја чест за Пиксар. Не знам како успеале да вметнат толку емоции во р'госано роботче што чисти и организира ѓубре.

Најдобриот анимиран филм во изминативе неколку години, и најдобриот Пиксар филм од Monsters Inc. па наваму. Сега сите анимирани филмови на конкуренцијата ќе изгледаат инфериорно...

Жалосно е што немаме можност вакви ремек-дела да гледаме кај нас во кино (ако може така да се нарече она во Рамстор, зошто нема други).

3 comments:

Losteech said...

Ти реков дека е добар. :)

Љубиша Сулимановиќ said...

Срце цртанче.

Anonymous said...

сега ќе искочи и Мадагаскар двојката. Во оваа година излегоа малку анимации, но сите беа закон.