April 17, 2008

South Park и зависноста од Интернет

Конечно направија солидна епизода оваа сезона што ќе може да се носи со старите. Јас ја ставам во листата на омилени South Park епизоди. Останатите пет од 12-та сезона, не поминуваат над просекот. Хуморот е очаен, а идеите им се бајати. Таман кога помислив дека и South Park се истрошија, ме акнаа по глава со синоќешната епизода. Се искупија. Се надевам дека ќе продолжат со ова темпо до крај на сезонава. Знам дека не е лесно да бидеш свеж после 12 сезони, знам..

"Over Logged", во стилот на South Park, покажува колку сме всушност зависни од Интернетот и колку навистина е потребен во нашето секојдневие. На кратко, граѓаните на South Park се будат утрото без Интернет, за подоцна да сфатат дека и остатокот од светот е оф-лајн. Супер епизода, колку што имаше in-your-face факти и прикажување на една многу реална слика, толку добро беше искомбинирано со класничниот South Park хумор. Кога видов како е прикажан Интернетот, неможев да се приберам од смеење до крај на епизодата. А, крајот беше посебно добар. Шамарот на лошото влијание на Интернетот на социјалниот живот и комуникацијата во реалниот свет и начинот на кој што го решија проблемот со немањето на Интернет во светот.

Факт е дека Интернетот е едно од најголемите и најважните откритија (првото би било струјата) без кои многу од нас, тешко дека би можеле да си го замислат животот. За жал, одамна е преминат во зависност, па дури и навика. Тргнувам од себе, знам дека секое сабајле прво седнувам "да проверам нешто на нет", и после тоа излегувам од соба, одам во WC и ставам кафе...

3 comments:

Losteech said...

Да ти кажам не ги следам SP од едноставна причина што не сум гледал повеќе од 10 нивни епизоди...ама штом епизодава е за интернет секако дека би ја симнал. :)

Поздрав.

Љубиша Сулимановиќ said...

Мајстори се за прикажување на хаосно стање у општеството. Секоја чест за тоа. А епизодава им беше најдобра сезонава

Anonymous said...

"INTERNET PORN SIMULATOR" :D