April 29, 2008

Аниме на месецот: Shinreigari [Ghost Hound]

Мислам дека после Death Note, секоја аниме серија ќе ми изгледа инфериорно, без разлика колку е добра (Ergo Proxy е супер, серизоно). Дури и по неколку месеци откако завршив со гледање, сеуште го чувствувам влијанието, а саунтрекот го пуштам барем еднаш во два дена.

Причината поради која сакам аниме, е тоа што знае максимално да се оддалечи од конвенционалноста што често ја среќавам по другите серии. Едноставно, неспоредливо е со било што не-јапонско, така што залудно е да објаснувам понатаму, нели?

Потрагата по "посебно" аниме ме доведе до Ghost Hound. Завршуваше некаде на почетокот на месецов, или крајот на март, не памтам добро. Ghost Hound е дело на творците на Ghost In The Shell, има вкупно 22 и никаква допирна точка со приказната од GitS. Се работи за сосема друг жанр на аниме.

Ghost Hound обработува теми од психологијата, парапсихологијата, па дури и митологијата и окултизмот. Во центарот на приказната се три деца, секое со различна психичка траума од детсвото, чиишто животи се испреплетуваат во друг свет, астрално ниво, каде што случјано откриваат дека можат да пристапат. Како што се одвива приказната, се дознава се повеќе, така што нема да откривам многу сега.

Единствената маана, ако може така да се нарече, на Ghost Hound е тоа што серијата е некако спора, на моменти дури и напорна за гледање. Од мене бараше посебно расположение и внимание, така што не можев повеќе од една епизода дневно.

Доколку некој сака, еве линк со торенти од Shinsen-Subs. Аудиото е јапонско (нормално!), и има англиски превод.

2 comments:

Bi said...

Sinne може да ни се придружиш на јапонскиот колаборативен блог и да пишуваш таму за аниме :)
Ако ти се допаѓа идејата пиши ми мејл да те додадам.

Он топик: како се симнува од линкот? Јас не укапирав. Кај е торентот? Има само листа на епизоди.

Бојан Николов said...

Би, фала за поканата. Ќе ти пуштам мејл. :)

Инаку, одма под листата на епизода, има distro page. Само што гледам ги тргнале директните линкови, па ќе мораш преку форумот таму. :S