November 18, 2015

Иднината на Alien

Официјално е. Ридли Скот сосема го изгуби умот. Чекај, чекај, не ме гаси, ислушај ме. Пред неколку месеци, Нил Бломкемп имаше убава замисла за продолжение на Alien, која требаше да ги игнорира третиот и четвртиот дел, да ја врати Рипли и малку да ја живне франшизата. Ридли Скот требаше паралелно да си работи на Prometheus продолжението, носејќи го во сосема друга насока. Нешто подоцна, Бломкемп ја разниша довербата со просечниот Chappie, а Скот понесен од успехот на The Martian, реши дека Prometheus 2 сепак ќе биде Alien филм што ќе се вика Alien: Paradise Lost. Бломкепм е моментално надвор од сликата, истиснат од Скот кој делува како мало дете што откако дало играчка на друго кое повеќе се забавува со неа, инаетчиски му ја граба назад. 


Новиот Alien на Ридли Скот ќе се вика Alien: Covenant, ако ова му е воопшто конечното име, и го најавува за октомври 2017. Приказната наводно конечно ќе се врзе со првиот Alien, а ќе го следи екипажот на колонијалниот брод "Covenant" кој во неоткриен дел од вселената мисли дека нашол некаков рај, за да испадне дека сè што затекнале е мрачен, опасен свет со Мајкл Фасбендер како единствен преживеан. Веќе задремав од преџваканите идеи што Скот ги имал за вториот Prometheus и тоа што му дошло на памет додека ги разгледувал оние на Бломкемп. Премногу алчно и арогатно делува целото ова за да успее како што треба. Од каде таа самодоверба дека ќе направи пак ваков добар филм, од успехот на The Martian? Филм што студиото му го има протнато додека гребел по тепих борејќи се со пистелската блокада за ова што сега планира да го прави? Факт е дека уште има цврст кредибилитет за влечење конци, но тоа не е никаква гаранција за успешно достигнување.

Штета ако ова ги уништи шансите за филмот на Бломкемп. Не можеше да му ја промашиш возбудата што ја имаше околу филмот, и баш поради тоа мислам дека неговиот Alien ќе испаднеше подобро отколку исфорсираниве обиди на изгубениот повозрасен господин, дури и ако го оставиш квалитетот на Chappie во пресметката. Види, никој не бара Alien и Aliens, тие филмови веќе се направени. Но, попрво пак би гледал како Рипли бега од Ксеноморфи со уште неколку несреќници, отколку Ридли Скот да ми го објаснува нивното потекло. Луѓе, човеков прави Blade Runner 2 со Рајан Гослинг, побогу...

1 comment:

Anonymous said...

Со све се сложувам тотално, исто мислење иам за ова, и ја си помислив одма дека дедо Ридли почна да се губи...мислев и дека само на мене Гослинг ми е антипатичен хехе...неверојатно како Елиен 5-кава по втор пат го прекинуваат поради друг послаб проект, не знам дали знаеш (лесно може да се изгугла и најде) на времето Камерон кога почнал да работи на 5ката (се консултирал со Ридли, зборел и со Вивер која била заинтересирана) некоја будала таму од студиото му рекла да прекине затоа што наместо тоа решиле да идат напред со АвП кецот. И еве сега пак...може е истата будала