Пред два месеци со резервирани карти за Jupiter Ascending, завршив на 50 Shades of Grey во последен момент. Искуството веројатно ќе беше слично, зошто Jupiter Ascending би му дошло нешто како научно-фантастичната варијанта на 50 Shades of Grey. Барем што се однесува до квалитетот на кастингот, нарацијата и сценариото. Што ли си мислеле братот и сестрата Вачовски кога го пишувале ова ѓубре? Делува како целата приказна и сценарио да е смислувана додека се рендерирале специјалните ефекти. Има некаква идеја што можеби носи некаков потенцијал, меѓутоа некаде удриле ѕид во пишувањето, па развојот запрел баш таму. Остатокот е само развлекување, клишеа и повторување на едните исти ствари. И, многу ликови кои изгледаат како да се тука само за да се заокружат два саати.
Jupiter Ascending оди надолу уште од самиот почеток. Уште во првата сцена ми стана јасно колку е Мила Кунис промашена за улогата, а кога ќе затворев очи задремувајќи и ќе и го слушнев гласот и глупавите муабети, се препотував од болка. Мислам, заќути Мег. Ја сакам Мила Кунис, ама тука не се ни труди. Ама, кој и да беше на нејзино место во улогава, ќе поминеше исто. Чејнинг Тејтум е веројатно избран да оди во прилог на женската публика која ќе се надева дека ќе ужива во филм каде главниот херој е женско. Хемијата меѓу двајцата е непостоечка. Да не е постерот погоре и неколку евтини реплики, никогаш немаше да сфатам дека замислата на Вачовски била ликовите на Мила Кунис и Ченинг Тејтум да се некако романтично инволвирани. Никаде го нема тоа, не можев да го видам. Шон Бин е изгубен во морето глупости до степен да тотално го забораваш дека е тука кога не е во кадар.
Гледам дека негативните критики за филмот ги балансираат аплаузите за специјалните ефекти и кореографијата на борбите. Освен неколку океј кадри и вонземска архитектура, не видов ништо што друго што ќе ми ги оправдаше овие два саати. Чејнинг Тејтум со вселенски анти-гравитациони ролшуи не ми е некако импресивно. Ако си фан на Мајкл Беј, може ќе ти потече некоја грозна лига, сепак. Не знам како некој може да го споредува ова Star Wars, читав и такви глупости. Со приквел трилогијата, да, веројатно. John Carter беше сто пати повеќе Star Wars, па не ги добиваше споредбите.
За среќа, евентуалните планови на Вачовски за франшиза од ова дно, запираат тука. Никој не го бара следниот The Matrix од нив, ама па никој не заслужува да биде изложен на ваков шунд. И, не. Не е лабавиот филм што мислев дека ќе биде. Има разлика меѓу лабави филмови што ќе ти утепаат некој саат дур си спружен со сите четири во вис, и има вакви на кои што го поместуваш даљинското подалеку од тебе за како не би фрлил кон телевизорот директно во глупостите што ги гледаш.
3 comments:
овие испаднаа 1 хит вондер исто како Шјамаламан кој спадна на инди филмој. Им се откачи Матрикс кецо и толку...
...а денешниве филмој жално е колку се предвидливи... па за овој филм, Чапи и еден куп други, доволно ми е само посетрот или трејлерот да го ѕирнам за да знам дека не треба да си го трошам времето на нив
Изгледа да. Мада, наводно Cloud Atlas бил добар, ама никако да одвојам време да го гледам.
еј да го забораив Атлас, добар филм е да...
не знам у денешниве (СФ) филмои ми фали онаа атмосфера од 80тите, симпатични ликови/глумци, креативност која со денешниве компј. ефекти ја нема, итн...сите се палат на Интерстелар кој за мене беше неееешто над просекот ама не до толку колку шо го праат, 100 пати подобри приказни и креативни работи сум видел по СФ списанија/книги, стрипови итн... еве само The Last Starfighter коа ќе ми текне...одма некоја топлина/носталгија ме пука
Post a Comment