Да си запишам дека ова е најлошата серија во купот на лоши серии во последниве неколку години. Исто така и дека трошам четириесетина драгоцени минути еднаш неделно. Ќе беше можеби подобро доколку паралелно со спориот прогрес на приказната за куполата не опаѓаше и онака слабиот скил на сценаристите. Освен тој мал елемент, кој всушност е и централен во цела серија, нема ама баш ништо друго поради кое следам. Изгурав 11 епизоди, ќе издржам уште две. До следното лето веројатно ќе заборавам и дека постои. Еве, пример, Falling Skies ми e сосема матна сега.
Пред некои две епизоди сите лоши страни на Under the Dome кулминираа во еден момент. Толку неталент на едно место нема ни во домашниве серии. Најголемиот проблем на Under the Dome се оние неколку деца што некако се наместија како клучни ликови. Освен ако не волонтираат со нивната "глума", не гледам друга причина зошто уште се тука. Особено тој младичот што е некој наводно битен лик, а се потсмевнува кога треба да глуми загрижен. Понекогаш си мислам дека воопшто нема режисер серијава, туку дека се оставени сами на себе и импровизираат додека сценаристот врши нужда и ги пишува репликите за следната сцена која треба да почне да се снима откако ќе пушти вода.
11 епизоди и не знам ниеден од ликовите како се вика. Добро, освен Барби. Толку е лошо името за главната машка улога што не можеш да го заборавиш. Другите се Хенк од Breaking Bad, тој син му ненормалниот, дебелата латино џандарка, таа со црвената коса, дечкото и сестра му, дебелата од радиото, стариот Клинт-Иствуд-за-сиромаси и црнецот. Стварно не знам како се викаат. Ги распознавам по стереотипите.
Приказната забега тотално. Во лош правец. Осум денови, ОСУМ денови како куполата е над гратчето и веќе изби општ хаос. Осум дена и веќе имаат андерграунд коцкарница кај што се коцкаат со ресурси, фајт клуб, розеви јајца и куп мртви. Мислев дека се подолго таму. После осум дена сите некако прифатија каде живеат и никој не се надева дека ќе биде спасен. Главната приказна некако се расплетува, споро, ама правецот што го зема некако не ми се свиѓа. Чија и да е идејава, на Стивен Кинг или не, лошо е. Веројатно е негова, од тие евтините што ги генерира автоматски со софтвер.
Уште две епизоди до крај на прва сезона. Рејтинзите им се добри, чудно ми е како. Не знам дали стварно има публика или ABC имаат купено хангари со телевизори на кои оди серијава за генерира гледаност. Којзнае...
3 comments:
Decko, serijata e snimena spored kniga na Stiven King. Knigata ima nad 1000 strani a producent e Stiven Spilberg. Sekoja epizoda ima nad 10 milioni gledaci vo zivo, sto e povekje i od Igra na tronovi. A ti, so edno tekstce na makedonska internet strana ne mozes da se pravis pisatel ili neznam sto, a pa najmalku mas pravo da kazes deka serijata e glupa.
1000 страни и 10 милиони гледачи се критериумот за квалитетна серија? :)
Дечко глупа е серијата. Спилберг ко продуцент се потпишал само за да ќарат мејнстрим маса и гледачи ко тебе што се палат на имиња што ги знаат (пошто знаат 4-5 преку сила). Гледај си ти ако сакаш деца што мистериозно паѓаат у епилепсија и манекен убица што се вика Барби, никој не ти брани.
Post a Comment