September 6, 2013

Збогум Futurama

Good news, everyone! Futurama заврши. Барем засега. По втор пат. Тоа значи дека сме поштедени од теророт што го приредуваше втората половина од последната сезона. Со исклучок на неколку добри епизоди, другите не успеав ни да ги догледам до крај. Одлуката на Comedy Central ми изгледа како правилна, зошто серијата почна да заличува на некоја зомби верзија на себе. 


Алал за финалето. Камо среќа пола од епизодите да беа бар приближно вакви. Можеби не беше како оргиналното финале, меѓутоа успеа да ги покрие сите елементи на кои се потпира серијата. Ако нешто Futurama знае феноменално да го изведе, тоа се приказни со патување низ време. Речиси сите епизоди на таа тема се класици, а верувам дека и оваа веќе може да ја ставиме на таа листа. Една од ретките епизоди откако серијата почна да се прикажува кои вредат да се изгледаат повеќе пати. Јас сум задоволен.

Мислам дека е време да се остави Futurama на раат. Да се даде шанса и ова поглавје да отстои. Можеби ќе блесне како оргиналните сезони. Најверојатно не, ама нема потреба од ништо ново во следниве неколку години. Што фали на Drawn Together, на пример? Не дека нема место и за Futurama меѓу сите овие срања денес, ама не заслужува да е на ниво со истите. И јас се радував кога решија да ја оживеат повторно, само што некако не се снајде баш во денешно време. Едноставно старите сезони се толку култни што споредувањето со нив е неизбежно. Ако не можеш барем приближно да им се доближиш, не се ни обидувај.

Екипата од Planet Express ќе промрда уште еднаш, во епизода на The Simpsons. Ако е ова исто две секунди како Adventure Time во една од последниве епизоди на Futurama, фак оф.

No comments: