Тешко ми е да поверувам дека толку бргу пројде една година откако Trion ги отворија серверите на RIFT. И, после една година, мојот муабет ќе остане ист - RIFT е најдобрата MMORPG игра која моментално е на пазарот. Иако привлече огромен број на играчи и успеаа да се спротистави на гигантот World of Warcraft, сепак не ја достигна таа популарност, а особено на овие простори. Верувам дека така и ќе остане, зошто не е баш лесно да одиш со глава против нешто што има 10 милиони играчи и долгогодишна историја.
Blizzard веројатно уште долго време ќе доминира на пазарот, но овде ќе зборуваме за квалитет. RIFT понуди многу повеќе од статичен свет, преку рифтови, инвазии и бројни ивенти за секоја зона, кои бараат од играчите меѓусебна соработка, за да се справат со нив. Уште на самиот почеток, MMO факторот во "MMORPG" беше сериозно запазен. Како што растеше играта, со секој нов апдејт (моментално е 1.7) се додаваа некои работи кои ги нема ниту една друга слична. За споредба, од сите работи кои може да се најдат во RIFT, WoW ги има само "стандардните" кои се составен дел од секоја MMORPG игра. Дури и тие што ги добиваме, во RIFT се бесплатни, додека Blizzard такви "новости" ги наплаќа како експанзии.
Да не испадне дека слепо ја бранам RIFT, ќе кажам што недостасува, a е нешто од најсилните страни на World of Warcraft. Прво, почетни зони за секоја раса. Во RIFT, двете фракции, без оглед на расата, почнуваат од исто место, што мене лично ми е пречка за левелирање на нов карактер од почеток. Во WoW, секоја (скоро секоја, океј) раса си има посебна почетна зона, со сопствена приказна, прикладна за расата. На ова ќе се надоврзам со тоа дека WoW има приказна создавана со години која е недостижна за било која друга слична игра. Секое местенце, секој град, па и повеќето ликови, си имаат своја историја и убаво поткрепена причина. На крај, патувањето меѓу зони кај WoW, каде што кога леташ, го прелетуваш целиот свет и го осеќаш неговото пространство и големина. Во повеќето игри за жал, тоа е изведено со портали и loading screen.
За споредбиве толку. Ќе се фатев за графиката, меѓутоа поминати се многу години за да би ги споредил двете игри така. Што се случува моментално во RIFT? Се слави, и тоа како се слави. Низ главните градови од вчера се отворени панаѓури каде што играчите можат да учествуваат во повеќе мали игри, од пукање на балони, до учество во историски битки низ Телара, кои довеле до обновување на овој мал свет. За секоја професија во играта има посебни квестови, чија цел е креирање на џиновски балони за парада која верувам ќе следи во некоја наредна фаза од ивентот. И за сите овие учества во панаѓурот има соодветни награди за играчите. Играта е бесплатна до 20-ти левел, па секој може да види што моментално се случува.
За една година, RIFT успеа да ги надмине моите очекувања. Честитки, Trion!

5 comments:
запознаен си колку Subscriptions има rift?
Немаат официјално објавено бројка, ама како што се збори по форумиве, немаат ни еден милион активни моментално.
ja probav igrava navistina e pointeresna od wow barem vo delot na pve poradi riftovite. konecna prava alternativa na wow. drugive mmorpg igri ne mi praat kejf aion na primer mi e premnogu manga i plus ima mikrotransakcii, vo rom ne mi se svigja sto moras eden lik min dvapati da go leveliras od prv level i tuka ima mikrotransakcii koj vlijaat mnogu vo igrata. ako ja imas probano swtor pisi nekoja recenzija. mene tesko mi e da prifatam sf mmorpg igra nekako ne mi ide.
btw wow kje ja kopira najakata strana na rift. najverojatno i site drugi kje ja iskopiraat. postaveni se novi pozitivni standardi vo mmorpg-to
Почна Рифт? :) На кој сервер? Јас сум на Icewatch, таму ќе ме најдеш.
Да, микротрансакциите ептен лошо влијаат на тие што не ги користат, особено кога треба да платиш за торбици. :)
Инаку да, видов дека WoW сега ќе си "позајмат" некои ствари од Рифт. Рифт влијаеше ептен на жанрот, само ретко кој го примети тоа. Затоа и играта не 'успеа' толку колку што јас лично очекував. :)
SW:TOR не планирам да играм додека не отиде f2p.
Поздрав.
Post a Comment