Екипата од колеџот Гриндејл, после "зимскиот распуст" од неколку месеци, повторно е тука со нови епизоди. Иако судбината на
Community беше предизвикана, серијата успеа да се избори за продолжување на сезоната и тоа побрзо него што очекував. Една недела пред прикажувањето на
новата епизода, враќањето на
Community беше соодветно поздравено со неколку кратки анимирани цртани, кои може да се погледнат на
ЈуТјуб.

Супер епизода, но видела серијата и подобри моменти. Или јас очекував премногу. Во секој случај, мило ми е што еден од моите омилени ситкоми продолжува понатаму.
Community си држи квалитет кој иако варира, сепак се одржува на некое задоволително ниво. Затоа и ме чуди зошто рејтингот не успева да ги исполни стандардите на NBC. За жал, тоа е пресудното за сите серии што ги гледаме, без разлика колку се добри или не. А, јас секако дека би гледал уште три сезони и филм, па и повеќе. Само нека се држи како до сега.
П.С. Пирс е сеуште најдобриот лик.
No comments:
Post a Comment