Овој ноември достапни се повеќе игри кои сериозно можат да го нарушат моето хармонично слободно време и работата на дипломската која треба да ја завршам до крај на месецов. Се одлучив Skyrim да биде прва на листа, од проста причина што претходните две The Elder Scrolls игри ги играв вкупно пола саат. Не ме привлече гејмплејот, а и двете почнуваа со досадна мисија кај што само трчав безвезе. Мислев дека Skyrim, и покрај велелепната графика пак ќе ми понуди некој одбивен стил на играње. Грешка број еден!
Играта ме купи уште во првите неколку минути, кај што мојот лик се вози со други двајца затвореници, упатени кон злобниот џелат. Уште таму се гледа квалитетот на сценариото и приказната, зошто од само неколку реченици може да се види длабочината на ликовите, нивните карактеристики и она што го чувствуваат во моментот. Како да гледам филм, правен по мој вкус!

Она што ме остави нем така едно пола саат, беше она што следува откако со група затвореници, пристигнавме во кампот. Напаѓа огромен змеј, се дешава општ хаос, трчаат луѓе на сите страни, стрелци пукаат во него, се рушат градби... Твојата улога е да се криеш од змејот и да пробаш да извадиш жива глава, или подобро кажано, задник. Режијата е како што спомнав, филмска и комплетно те внесува во тоа што се случува околу. Откако успешно ќе го избегнеш змејот, кој патем се појавува после неколку генерации и неговото постоење е во најмала рака митско, играта те носи во Rivenwood, мало село, каде што има квестови и слободна интеракција со неговите жители.
Играв неколку саати ноќеска и еден пост нема да е доволен за се она што го нуди Skyrim како игра. Тамриел е ОГРОМЕН свет, дизјаниран реално до најситен детал, со преубави пејзажи и неограничена слобода на движње. А, не сум проминал се уште ништо. Можностите кои ги нудат овие неколку гигабајти, некако ми изгледаат неограничено. Доколку треба да се објасни поимот "виртуелна реалност", Skyrim ќе ми биде првиот збор што ќе ми дојде на ум.
Не е рано да се заклучи дека ова е најдобрата RPG игра што ми има улетано. Затоа што нуди гејмерско искуство кое со години сум мислел дека го добивам од разни MMORPG игри. И знам дека, после Skyrim, квестовите "Убиј X свињи" некако нема да ми немаат смисла. RPG моментот доаѓа до израз тука, а не во игри кај што, Дамјан што би рекол, "мериш бројки" со други играчи. Плус, во која друга игра можеш да бркаш елен 15 минути низ реки и полјани? Прогресот во играта е скроз нелинеарен. Одлуките во квестовите влијаат и понатаму, ете јас успеав да го убијам ковачот во Rivenwood, несакајќи, пред сопствената ќерка.
Дамјан и Пецо со години биле во право за The Elder Scrolls и криво ми е што порано не го сфатив тоа. Ова е најдобрата игра за 2011, без конкуренција. Како што реков, малку е еден пост за да се опфати се што видов во оние неколку саати, така да, ќе го дрвам малку повеќе за Skyrim во наредниве месеци.

7 comments:
Јас утрово ја почнав, и додека изиграв еден квест и се прошетав до една-две "зандани", изгубив саат и кусур! Успут што ја пеперутки бркав покрај елените :D Oblivion all over again :) Me likes it!
Хаха, фатив и ја пеперуга и видов после дека крилата може да и ги искористам за да правам напитоци! Играва владее апсолутно!!!
Мислам дека нема да згрешам ако кажам дека Skyrim е играта на игрите која цел живот ја чекаме и после оваа игра никоја друга игра нема да ни праи мерак. :)
Ме фасцинира ретро моментот на времето коа играв сингл плејер игри и се наоѓаш со другари па си препричаваш што ти се десило, секој со свои приказни...
Hail Skyrim!
Ееее, баш тоа е моментот сега со Skyrim. :) Одамна немаше игра што волку ќе се збори!
Го спасија насловов единствено со тоа што го подобрија Skill системот, го доближија кон Dragon age origins кој функционира супер, само со свој spin на целото, што воошто не ми е криво и го оценувам како одличен потег, пошто иначе lame ми биле TES серијалот само ради тоа што не се чуствуваше контрола на секој нов lvl. Одличен наслов додека да пристигне DIABLO III :)
Не само додека пристине Diablo III, туку до следниот TES. :) Мене ме воодушеви играва скроз.
Post a Comment