October 6, 2011

Пет работи за Transformers: Dark of the Moon

Излезе филмов на добра снимка. Симнав семпл од неколку минути, да видам како изгледа. Во тие две-три минути мислам дека видов доволно. Исто како да сум го гледал филмот, само во многу пократка, безболна верзија.


1. Ефекти
Мајкл Беј мора да си го оправда стилот, нели? За љубителите на CGI, ова е правиот избор. Сцената е толку детална, што само детали се гледаат и тоа натрупани до степен да не се распознава што е Трансформер, експлозија или сметот од истите. За да биде уште подетално, има и чад. Покрај визуелните специјални ефекти, има и звучни ("џџџџззззџџ - бааам - џннгггг - бууухџџџ - ѕииииујјј").

2. Трансформери
Бидејќи е ова филм за Трансформери, нормално дека има и тоа. Во семплов, луѓето се борат со џиновски змијовиден Трансформер. Го има и Оптимус со меч, и птица-трансформер што колва шофершајбна. Генијално, не знам како им текнало. Оптимус пред да се појави во сцената, мислам дека го видов во ефектите, го познав по тоа што дел од парчињата ефекти што летаа низ мониторов беа плаво-црвени.

3. Актери и слично
Како и во претходните два дела, има и тука платени луѓе, да кажуваат по некоја реплика, за да се пополни минутажата измеѓу деталните ефекти.Меган Фокс ја нема, а во семплов ја немаше ни таа другата што ја заменува. Битно, ги имаше Црнецот и Џош Духамел, за да и семплов биде привлечен за женската публика. Незнам само која таргет група е Шаја ЛаБлџксуф. Веројатно на деца што се декларираат ко гикови. А, можда и не, пошто семплов завршува со сцена у која се вози во кола и му идат флешбеци од интервју за работа на кои бил. Јас бев на интервју за работа неделава, па ете, се пронајдов во неговиот маестрално одигран лик кој никако не е еднодимензионален. Не.

4. Приказна
Нема.

5. Заклучок (зошто нема друго за да бидат пет)

Се надевам дека ова е последниот филм каде што вака се валка оваа убава реклама за играчки од 80-тите со која растевме среќно. Или нека продолжи некој што знае и може подобро, или нека се помират со фактот дека вакви џиновски роботи не функционираат најдобро на филм.

3 comments:

Random nobody said...

My thought exactly.
+1

Влатко said...

Е па сега друже и ти :), трет дел е не е прв, не знам што очекуваше, нешто поинакво? :)
Не може да се направи трансформерс филм ама има такви што гледаат све.
Добро што не им текнало на Роботек/Макрос да направат ваква лајв-екшн-CGI-глупост.
Најнова ваква CGI-глупост-со-роботи овој сега што искочи - Real Steel , каков трејлер погледни само слика -две од филмот, поглупави филмовите од ова не може да бидат. Ај хоуп. :)

Бојан Николов said...

Ја па баш се заинтересирав за Real Steel. :)

Инаку, Трансформерс кецот ветуваше ептен. Двојката не го догледав до крај, а третиов - ко шо глеате, доволно беше и семплот од торентот. :)

Voltron се збореше дека ќе праат, се надевам дека нема. :)