August 30, 2011

Како Source Code си го упропасти потенцијалот

... да биде филм на кој ќе се сеќаваме и после 5 години. Океј, можеби и без лошиот крај ќе се заборавеше брзо (ако воопшто некој го памти филмов). Како и да е, под сликата има спојлери. На кратко, Source Code е СФ драма со Дони Дарко, чиј лик се буди во друго тело на воз, осум минути пред да експлодира бомба.

"Не ми е ни мене јасно" - Дони Дарко си ја чука главата

Крајот! Аман, крајот! Филмот беше скоро перфектен до моментот кога со девојката ќе излезат од возот и ќе шетаат низ Чикаго. Да разјасниме нешто. Дони Дарко беше мртов, додека неговата свест функционираше така како што функционираше. Според правилата кои ги постави самиот филм, можеше да има интеракција само со минати настани, во ограничена околина. Ограничена околина. Кој дел од ова продуцентите го испуштиле кога се пишувал крајот. На крајот, неговата свест и неговото влијание на ситуацијата со возот, успеа да создаде, извини вака, алтернативна реалност. Не, не. Не завршува тука. Од истата таа Дизни паралелна димензија, Дони Дарко успеа да прати смс порака до 'нашата', кршејќи ги правилата на физиката од филмот и генерално логиката. Се надевам дека некој го застрелал типот одговорен за овој хепиенд.

Ако некој го чита ова, а не го гледал филмот, нема да ме сфати колку бесмислен беше крајот. До тогаш, гледав супер филм, изненадувачко добра варијанта на нешто што можеби е и познато од филмови како Groundhog Day или 12 Monkeys. Иако поголемиот дел од настаните ги превидов, сепак имаше потенцијал да прерасне во некаков култен филм. И ќе ми беше мило да беше така. Има интересна приказна, тензија до самиот крај (ах..), некои детали беа уникатни, па дури го имаше и Расел Питерс во споредна улога. Се што требале е да скратат од крајот, зошто веќе е касно за друг тип во главна улога (Џек Гиљуеефсдасхол нема капацитет за ништо друго). Време е за некаков Director's cut кој би го завршил филмот во правиот момент.

9 comments:

Random nobody said...

Апсолутно се слагам. Поради премалку Sci , филмов е само Fi. За жал. Од друга страна пак, на сите мои познаници што не се бават со техничка струка , филмот им беше супер.
ЕТФ , благослов или клетва? :)

Anonymous said...

SPOJLERI!!!

Филмов требаше да заврши кога застана времето,...ама тоа е, уште еднаш стапува на сцена она - мисли на публиката она сака лигав хепиенд, публиката е поважна од режисерот нели...

Иначе, 12 Мајмуни е еден вид римејк на La Jetee, погледни го кога ќе можеш, краток црно-бел филм, од 60 -и-некоја, составен од неверојатни слики...Пред своето време е, исто ко 2001.
Позз

Бојан Николов said...

Знаев дека е базиран на друг филм, ама не го немав гледано. Фала за препораката и потсетувањето, симињам. :)

Бојан Николов said...

Еј, да. Сега видов дека сум го спомнал и Groundhog Day. И тоа чудо е инспирирано од еден опасен краткометражен филм, односно расказ, 12:01 PM. Го имав филмчето аплоудувано на репидшер пред некој година ради тоа што едвај го најдов да го симнам, нигде го немаше по нетов.

Да побарам линковите, ќе ги постирам. Одамна и се спремав да напишам нешто повеќе за 12:01 PM, али све некако ме примрзувало: :)

Бојан Николов said...

Ете, го имало и на ЈуТјуб!

http://www.youtube.com/watch?v=WUGYwNzez3g

Топ!

Бојан Николов said...

Спам.

Anonymous said...

Куртворд Смит се викал овој :)
Не знаев за краткиов филм !, дека Граундхог е базиран на него, фала!, ќе го погледнам деновиве.

Damien said...

Само што го изгледав филмов. У право си дека крајот мааалце го зашеќериле, АЛИ погрешно си разбрал една ствар. Он кога праќа порака, не праќа порака до Гудвин во „нашата„ или „оригиналната„ реалност, туку до Гудвин од новата алтернативна нишка реалност во која и он си продолжи да живее. Затоа сеуште беше полу-жив у тоа комората, и затоа и рече да му каже во наредна прилика дека "everything is gonna be OK". Бидејќи на секое ново испраќање у матриксот, он влегува во нова паралелна реалност која си тече и по 8те минути.

Ениху, на quantum physics handwavium-от се прснав од смеење, али ипак не би рекол (како постот погоре) дека е само Fi. Pillow-soft SF можеби :-)

Бојан Николов said...

Нашата или оргиналната, пак беше некако campy. Таму негде и ме изгуби филмот. :)