Конечно Скопје си доби продавница наменета само за стрипови. Се вика "Бункер" и се наоѓа во кулите спроти Рамстор. Можат да се најдат квалитетни наслови на повеќе балкански издавачи, има голема понуда на Бонели стрипови, гиганти, книги како и изданија од редовните серии. Овој месец има 10% попуст на сите стрипови.
Работното време е од 11:00 до 19:00 секој ден, освен недела, а во сабота работат до 14:00. Им посакувам успешна работа и многу, многу нови наслови.
Повеќе информации и слики има на овој линк. Благодарност до Гордан за сликата погоре.
Работното време е од 11:00 до 19:00 секој ден, освен недела, а во сабота работат до 14:00. Им посакувам успешна работа и многу, многу нови наслови.
Повеќе информации и слики има на овој линк. Благодарност до Гордан за сликата погоре.
6 comments:
Друже претпостављам дека си бил у Бункер (ја никако да отидам иам некои проблеми со стомакот сега поминувам после државна од кај Рамстор ама не сум раположен да поминам и до Бункер) да не те замарам со мои проблеми, сакав да те прашам дали има Нeјтан Невер пошто не гледам по сликине ? ДД, ММ дури и Бред Барон, само НН не го гледам, немој да ми кажеш дека нема :(
НН сеуште немаат, тоа е на друга издавачка куќа. Рекоа наскоро. :) Значи ќе има, и ја го чекам, да си го фатам со ред на хартија!
Поздрав!
ја имав порано 20-30 броја негде и му ги шитнав на еден од оние уличнине продавачи кога беа на плоштад порано, после школо (цел ранец ми беше пун стрипови :). Овој прво нејќеше да ми ги купи пошто постариве ДД и ММ ги знаеше а за НН немаше појма :) ...и сега се каам за тоа, посебно за првиот број. :)
Ех да ги црташе сите броеви Кастелини кое (уште поголемо) задоволство ќе беше тоа.
Поздрав
Ја слабо имам читано НН. Првите два броја некако едвај ги исчитав у електронска верзија, пошто неможам црно-бели скенови.
На хартија исто слабо. Затоа чекам, да си почнам од прв број (ако носат од прв број).
Има нешто од Spiderman или Batman? Никако неможам да најдам :(
Не би знаел тоа да ти кажам, ќе мора нив да ги прашаш. Види тука: http://www.facebook.com/stripknizarnicabunker
Post a Comment