
Декстер како лик е генијално осмислен, што и покрај неговото необично хоби (дури и си собира по една капка крв од секоја жртва), остава простор за сакање. Ладнокрвен убиец, воден по кодот на неговиот очув (Џејмс Ремар, најпотценет актер на сите времиња), едвај чувствува некакви емоции и одржува чудни врски со неговата сестра Дебра (веројатно улогата ја толкува преправен Џон Красински) и девојка Рита. Има шефица што упорно се обидува да го ќари и колега џандар што осеќа дека нешто не е баш во ред со него. Декстер и покрај се, е осамен, и единствениот мир го наоѓа во своите жртви, строго криминалци кои се провлекле низ рацете на прогонот.
Мотивот на Декстер, иако не е морално оправдан, лежи во неговото минато. Најден е како дете, преживеан после грозоморен масакар и одгледан од семејство на полицаец, како што веќе спомнав, Џејмс Ремар кој се појавува во бројните флешбеци кои ги има низ цела сезона.
На почеток на првата сезона, се појавува убиец кој буквално ја цеди крвта на жртвите и остава траги и пораки наменети специјално за Декстер. Почнува игра меѓу двајца сериски убијци која се влече низ цела сезона. Да не претерувам со спојлери, не се многу епизоди, по 12 се во сезона, брзо се гледа и е крајно заразно. А, навистина вреди.
Мајкл С. Хол е одличен како Декстер, незнам како е во книгата, ама во серијава феноменално ја доловува секоја ситница од карактерот. На мое големо изненадување, се појавува и Џејкоб, во сосема спротивна улога, кај што може да се види колку е уствари добар како актер. Се на се, Dexter е супер, барем првава сезона, втората ќе ја гледам од утре. Интересна приказна, забавни ликови, солидно сценарио, еден тон црн хумор и одличен саундтрек.
Види такоѓе:
No comments:
Post a Comment