June 11, 2011

Paul (2011)

Со нетрпение го чекав Paul, зошто верував дека ќе биде еден од најквалитетните филмови за оваа година. Верував во Сајмон Пег и Ник Фрост, зошто дечките до сега не потфрлија. Paul е скроз друг муабет. Ќе се обидам без спојлери подоле.

Сајмон Пег и Ник Фрост се туристи од Британија, дојдени во САД за Comic-Con и посета на сите места поврзани со НЛО феномени, како Розвел, Областа 51, итн. На нивното патување, го среќаваат Пол, вонземјанин кој се обидува да си го спаси газот од експериментирање, откако со властите споделил голем дел од неговото знаење.

Пол е цар, и покрај бројните референци до американската поп-култура, е единственото нешто што вреди во филмов и го прави интересен. Референците се присутни во секоја втора реплика и ситуација, само Star Wars референци имаше десетина, можеби и повеќе. Од друга страна, Paul изобилува со глупости, до таа мера што на моменти е неподнослив. Како на пример, девојката од семејството креационисти, откако Пол буквално ќе и го докаже спротивното, ќе се претвори во најлошо напишаниот лик во последниве неколку години. Толку исфорсирани вулгарни реплики одамна немам сретнато. Немаше апсолутно никаква потреба ликот да забега во таква насока и секоја реченица да биде кованица од неколку . Затоа и сум разочаран од сценариото на Пег и Фрост, сметав дека не можат да паднат (толку) ниско. На моменти ме фаќаше срам од тоа што го гледам и упорно ми ја вреѓаше интелегенцијата. Очекував многу, многу повеќе. Се обидувам да сфатам што беше поентата. Јасно ми е мене колку е апсурден креационизмот, ја поддржувам критиката што сакале да ја упатат, беше смешно на почеток, а после беше жално.

За жал, филмот нуди еднократна забава и тоа онака, просечно, што исто ми се фаќа дали сум го гледал или не. Без глупоста што ја спомнав погоре, ќе беше многу подобро и на друго ниво. Што сакале да постигнат со таков клозетски хумор, не ми е јасно. Веројатно и се свесни дека само Американци се смеат на такви глупости.

И ете, потрошив пост на глуп лик, знам. Што да правам кога ми го упропасти цел филм...

2 comments:

Ivana said...

Очекував многу повеќе и искрено заборавив дека го гледав =)

Бојан Николов said...

Ама, Индијана Џонс референцата не се заборава. :)