November 17, 2009

V: Уште една серија што нема да доживее втора сезона

Да речеме дека претерувам и дека можеби ќе стигнат и до трета сезона. Меѓутоа, почетоков испадна некако лабав и шабански. Лошото сценарио и шаблонските ликови некако ја убиваат целата идеја на серијата, која е онака, океј. Само проблемот е во тоа што се работи за римејк на серија од пред 20 и кусур години, така да оваа приказна некако не ми се верува дека ќе пројде во 2009. Од тогаш сме виделе милион приказни со инвазии на вонземјани, а втората епизода ме потсети дека овој тип на серии последен пат беа актуелни во 1997. Тоа му доаѓа како сега да правиш серија ко The Twilight Zone. Ни треба нешто ново, аман.

Овој тип на серии, продукциски слични, како The 4400, па дури и Terminator: The Sarah Connor Chronicles не проаѓаат кај мене, иако се интересни на почетокот. V е тапа уште од старт, ама ќе пробам да и дадам шанса, ќе ја гледам бар следната епизода.

Приказната веќе ја спомнав во минатиот пост, значи вонземјани, лизард пипл, доѓаат на Земјата како доброчинители, миротворци, нудат технологија, мед, млеко, згодни плави тинејџерки, ама местат интервјуа, манипулираат со јавноста и разбиваат мали групи што пружаат отпор. Не ми е јасно зошто вонземска цивилизација која е далеку помоќна од луѓето, едноставно не збрише се, па нека си колонизираат на раат... Океј, цепидлачам сеа, ама бар да беше интересна серијава, вака ете се фаќам за глупости. Не очекував многу, а добив помалку од тоа што барам...

3 comments:

Љубиша Сулимановиќ said...

Ера на неоргиналност...

Losteech said...

Хммм, не знам дали зборуваш за истата серија која ја гледав и јас, ама мене поприлично ми се допаднаа првите две епизоди, посебно Пилотот кој имаше добри ефекти, а и неколку јаки пресврти (пр: Дејл кога испадна Visitor...)

Ако нешто што си пишал во постов може да се препише на некоја серија, тоа е FlashForward.

Бојан Николов said...

Еј, ебате јакиот пресврт, ја баш очекував да е нешто такво. :) У BSG имаше такви пресврти. Ефекти одамна прекинаа да ме занимаат, зошто и тоа не е ништо ново и невозможно.

FlashForward ми е далеку поинтересна и супер си пичи. :)