Поминав година и кусур на приватни World of Warcraft сервери. Штознам, не би играл WoW на оргинален сервер, највеќе поради тоа што премногу сум навикнат на “полесно” левелирање, со голем XP rate, еден куп симпатични custom ствари, а и пред се, бесплатно е. Тоа што сакам да го добијам од WoW, го добивам без пари, а сепак е страшно многу забавно, без оглед на тоа што тие што плаќаат го зборат спротивното (криво им е дека ние играме без пари :P ).
За среќа, има доволно, па дури и премногу приватни (читај: пиратски) сервери, каде што може да се игра бесплатно World of Warcraft. За разлика од други MMORPG игри, има приватни сервери на кои има доволно луѓе за да биде интересно. Криво ми е што The Matrix Online и LOTRO неможеме вака, ама тоа е тоа. Значи, изборот е голем, а може да се најдат на разни сајтови за наменети за приватни сервери, како што е XtremeTop100, каде што серверите се подредени по популарност, односно гласови. Интересното е тоа што скоро секој сервер, нуди по некаква награда за гласањето, најчесто in-game злато или опрема. За да се игра на приватен сервер, потребна е играта (да де), обичната и The Burning Crusade експанзијата, плус последниот patch. Има сервери на кои се играат и постари верзија, ама се со многу помалку играчи. Не треба никаков крак, само треба да се промени адресата на серверот и да се направи акаунт на истиот.
Има неколку вида на приватни сервери, fun server (со многу поголем XP rate, за побрзо левелирање), blizzlike ( XP rate и сл. како на оргинален сервер), PvP (првенствено наменет за Player VS Player играње, исто така со голем XP rate). Денес повеќето сервери нудат и high XP/PvP и Blizzlike играње, со различни акаунти нормално. Некои fun сервери, претеруваат со “забавата”, така што има custom леверлирање, па наместо 70 левели, постојат и по 140.
Од јануари годинава играм на WoWfusion, и сега за сега, не размислувам за промена. Играм на fun серверот, имам и хорда и алијанса карактери, скоро сите 70-ти левел со добра опрема. WoWfusion се покажа одлично. Скоро секогаш има околу 1000 луѓе што играат во исто време, минимален број на багови, стабилен е, има custom shopping mall, каде што може да се набават еден куп ајтеми, портали до секаде и сл.
Покрај сите овие работи што ги набројав погоре, не би можел да замислам како би било играње на оргинален сервер. Можеби некогаш, кога малку ќе падне цената. :)
2 comments:
А, да ептен ми е криво што не играм на приватен сервер...стварно... :)
Па земи играј како мене со уште еден тип ќе си плаќаш по 400 денари месечно, + сега со новиве patchовие на оригинален се лелвелира побрзо , повеќе xp даваат криповите и questовите, да не зборам за лесното зимање на pvp награди. И да, пошо и јас сум играл на пиратски , на оригинален е ептен подобро.А не ми е криво затоа што ги давам парите затоа што плаќам помалку од таксата за телеком месечно - од ова барем добивам нешто за парите :).
Post a Comment