Дента кога DC го почнаа Rebirth, Marvel решија да се обидат да ја израмнат галамата на стрип публиката со тоа што Стив Роџерс го направија таен агент на Хидра. Според Ник Спенсер, сценаристот на овие триесетина смешни страници на Captain America: Steve Rogers #1, Кеп отсекогаш бил Хидра. Сите овие години. Тајно работел за нивната кауза и покрај тоа што ликот 75 години претставува нешто сосема спротивно. Истиот тој Кеп што во 1941 му има удрено бокс на Хитлер. Јас да сум духот на Џек Кирби (Евреин, патем) не би го оставил Спенсер око да склопи. Не зошто се занесува со историјата и идеологијата на ликот, туку зошто мислел дека баш ова е добра идеја. Не само него, цел Marvel има да осеќа паранормални активности.
Ваквите колосални промени на етаблирани ликови не се некој нов трик, се случувале отсекогаш. Функционираат кога умира Супермен, кога Бејн му ја крши кичмата на Бетмен, дури и Кеп кога умира. Издавачите секогаш наоѓаат начин да го вратат континуитетот во "нормала", да, сигурен сум дека истото ќе се случи и сега. Но, вакви промени треба да остават нешто што нема да изгледа како евтина сензационалистичка финта. Ова со Кеп е баш такво. Се крена цел интернет ко некој да им ги запалил старите Captain America стрипови. Не е онака си седиш еден ден, си читаш Кеп стрип и ти се распаѓа во раце зошто некој одлучил дека бил злобен нацист цело време. Само е ужасно глупаво.
Уште па Спенсер тврди дека ова не е клон, не е Роџерс со испран мозок, не е некоја сила што е одговорна за неговите акции, туку дека е навистина тој. Ајде важи, еј. За неколку месеци (или веќе во следниот број што секако нема да го читам) ќе има некое слично објаснување што ќе е уште полошо од овој "пресврт". Ја постигнаа целта, се зборува секаде за ова. Само не гледам зошто ваков потег, освен за создавање бука со цел да се наруши онаа на конкуренцијата. Продаваат подобро од DC зошто филмовите им се подобри од тие на DC. Не верувам дека имаат потреба од вакви срања за зголемување продажба и покрај тоа што стриповите последниве години им се тапа.
Затоа повеќе читам DC. Marvel се жива досада. Зевање. Особено онаа линија кога ги почнаа насловите од #1 со тоа Marvel NOW!. Последното забавно беше Infinity, можеби. Но, со оглед на тоа дека не се сеќавам на ништо што се случуваше таму, јасно е колку бил силен впечатокот. На други наслови не ни можам да се присетам. Само тековниот Daredevil на Чарлс Соул и Daredevil / Punisher ги следам. Тие се океј.
3 comments:
Џабе што тврди Спенсер, за некој број ќе испадне дека е brainwashed или кој знае што. Иначе да, Кеп у Хидра ти е бришење гз со стрипот. Marvel NOW ја почнав да читам али очај беше, не дека DC беа бољи у исто време ама имаше доста подобри ствари. Едино Thor што беше ОК.
Го бива Rebirth a? Сеа да дочитам JL до 50-ти број па му седнувам :)
Не дека е бришење гз, него е непотребно. Ако веќе се стремеле кон таков сензационализам и ова им било единствената опција, тажно е. Топ е Rebirth, пријатно читање. :)
Потполно се согласувам со ставов. Сеа сите од Team Cap are hopping on the Team Iron Man bandwagon. LOL
Post a Comment