February 1, 2014

Нова непотребна серија: From Dusk Till Dawn

Како што веќе спомнав во еден претходен пост, ништо не ме чуди во поглед на филмови и серии. The Naked Gun и Vacation римејкови со Ед Хелмс се исто така на прагот на реализирање, така што пренесување на уште еден култен наслов како From Dusk Till Dawn на телевизија не е ништо така? Hannibal звучеше како очајна идеја, меѓутоа уште во трејлерот покажуваше знаци на квалитет. Првата сезона, за среќа, го потврди тоа и остави простор потенцијалот да биде истакнат и оваа година. Но, што е со ова сега? Кога го видов кастингот, прво нешто што ми дојде е дека станува збор за турска серија што наскоро ќе ја видиме синхронизирана на македонски. 

Јелена Жугиќ како Ричи и Ѓокица Лукаревски како Сет

From Dusk Till Dawn ми е еден од омилените филмови од 90-ти и веројатно најдоброто нешто од Тарантино и Родригез до денес. Не дека статусот не му беше и претходно извалкан со две катастрофални продолженија, ама па кој воопшто ги памти? Освен омотите и фактот дека неколкуте копии постојат на некоја правлива полица и твојот омилен торент тракер, нема ништо друго за спомнување. Тоа е доволен доказ дека и нема баш луѓе кои ги интересира повеќе за вампирите од Тити Твистер од тоа што е во оргиналниот филм. 

Не само што серијата се обидува да прошири нешто што самото себе си е доволно, туку и ги враќа оргиналните ликови преку актери кои го прават колумбискиот Breaking Bad да изгледа како The Sopranos. Филмот функционираше толку добро баш поради уникатноста на карактерите и "мистеријата" за вампирите. Кого воопшто го занима што прават или правеле надвор од барот во таа вукојебина? Кој сака да ги види истите финти од филмот пак? Кога ги видов Дон Џонсон и Роберт Патрик (кој патем беше во некое од продолженијата), ми стана јасно каде отишло пола од буџетот од 5000 долари.

Серијата ќе почне да се прикажува на El Ray каналот на Родригез наменет за латино публика, така што ако тоа не вришти сапуница, не знам што...

2 comments:

Anonymous said...

Ти го читам блогот одамна ама имам чувство дека барем пола од работите воопшто не ти се ни свиѓаат. Не ја сфаќам поентата на hate-watching. Има толку прекрасни серии (европски серии, не-network серии) ти си запнал да гледаш по цели сезони иако очигледно не ти се по ќеф. Just saying.

Бојан Николов said...

За многу од тие што ми се свиѓаат не сум ни пишал. :) Али да, многу се со истиов впечаток. :)