December 22, 2013

Римејкови, рибути, приквели...

Непотребните римејкови, приквели и рибути (па дури и продолженија, оп македонски збор!) на култни филмови нема да сопрат и следната година. И, таа после неа. Она што ми личеше на тренд и лесно кеширање врз стара слава, очигледно е силно втемелено во денешниот, мрзлив Холивуд. Веќе не се продава содржина, се продава само добро познат наслов. Логиката не ја гледам никаде. Филмовите или сериите кои се филмуваат во сличен фазон, чија идеја се молзи упорно, во добар дел од случаите уште делуваат свежо иако се можеби стари неколку децении. Идеите кои ги понудиле тогаш оставиле таков впечаток кај публиката која сега наместо да добие нешто оргинално, добива унаказена верзија на нешто веќе видено. 

Не е дека ова е нешто ново и се случува последниве години, не. Проблемот е што имам впечаток дека само ова се случува. Или е римејк, или е рибут, или е адаптација на ебан борд-гејм, или е адаптација на стрип или рибут на адаптација на стрип. Со последново и немам некој проблем реално. Барем додека ги прават како што треба, ќе ги гледам. Веројатно сум еден од ретките што мисли дека The Amazing Spider-Man не беше толку лош. За продолжението следната година, уште сега тврдам дека ќе тресне од земја. Меѓутоа, има некои ствари што се подобри од Кирстен Данст и ми се свиѓаат кога се викаат Ема Стоун, на пример.


Има една цела листа на римејкови, приквели, рибути која често сум ја пцуел и тука, во случаи кога ми дошло нешто такво под рака за гледање. Можеби на почетокот на трендот, беше интересно. Неколку хорори, нов Бетмен, па дури обидите за Alien VS Predator. Последново можеби и не спаѓа комплетно во рамките на она за кое што зборам, но секако спаѓа во групата на катастрофални реализации. Денес работите се комплетно вон контрола. За среќа, има и неколку исклучоци кои ќе биде глупаво да не ги спомнам. Rise of the Planet of the Apes мене ми беше одличен. Продолжението следната година делува ветувачки, и едвај чекам. Ете, оваа франшиза доби римејк третман од Тим Бартон и сите се сеќаваме како заврши тоа. Дури и Predators беше океј.

Меѓутоа, ниту еден позитивен пример, не успеа да направи баланс на она што го донесе Star Trek. Уште ми е несфатливо како ова можеше да успее, дури и да доживее продолжение и зелено светло за трето. Ова ми е класичен пример за валкање на моќна идеја, и онака евтино продадена во светкаво пакување. Со Star Trek претворен во летен блокбастер, јасно е што сè може да се шитне на публиката.

Наскоро доаѓаат Robocop, Terminator и Godzilla. Terminator добива комплетен третман, сосе серија. Ја добива и Калиси како Сара Конор и подостарен Шварценегер. И, најклише наслов на светот, се разбира, Terminator: Genesis. Американците прават нов Godzilla кој се надевам дека нема да биде срамен како минатиот обид. Кога веќе се серат на сопствените дела нема потреба и по јапонските. Брајан Кренстон не ветува ништо, а ни краткиот тизер. Се надевам дека некој во овие десетина години научил што претставува Гоџира таму од каде што доаѓа и дека е многу повеќе од купена лиценца. Барем онака малку, малку душа да внесеш кога создаваш нешто.

За крај, додека сум на темата на вакви генијални идеи.... Dumb and Dumber продолжението станува реалност. Некој сериозно мисли дека тоа ќе успее, хаха. Дури и на Blade Runner му се спрема ваков третман. Не сум некој фан, ама останатите нека примат сочуство.

1 comment:

Unknown said...

Ми го зеде зборот. Можам да застанам тука, ама ќе додадам дека не мора да се гледаат само Холивудски филмови. Има и неамерикански филмови кои што, ако не се очаен обид да копираат американски стил, се навистина предизвикувачки и вредни за гледање. Не мора секогаш 'пуф паф' филмови (што би рекла мајка ми :D).