Блиска иднина. Детроит е во финансиска криза и задушен од криминал. Спасот понуден од Omni Consumer Products корпорацијата е технолошки развиена утопија, наречена Делта Сити, која треба да се изгради врз рушевините на Детроит. OCP ја држат и полицијата и се обидуваат да ја зајакнат со полу-функционални борбени дроиди кои би го намалиле криминалот. Во убиениот полицаец Алекс Марфи, гледаат шанса дроновите да ги искомбинираат со нешто поорганско и прецизно. Како сега ќе ја пренесеш оваа приказна во денешно време? Никако. Ќе смислиш нешто крајно дебилно кое ниту ќе рефлектира некаква можна иднина, ниту па ќе се однесува со почит према изворниот материјал. Нема ни да е забавно. Најбитниот дел од целата приказна, самиот Робокап, нема да функционира така прилагоден за денешните деца.
RoboCop важи за култен филм (и франшиза), позиција која е комплетно оправдана. Ги има сите состојки за успешна СФ акција од тоа време. Оргинална приказна, препознатлив лик, харизматични негативци и сценарио полно со фраерски реплики, сатира и уникатни акциони сцени што ти се врежуваат во мозок за навек при прво гледање. A, има и одличен саундтрек кој е исто така препознатлив. RoboCop е од времето каде што акционите филмови имаа јајца и не беа наменети за деца. Иако ги гледаа и деца, дури и во САД каде што денес насилието во филмовите е контролирано од здруженија на фригидни мајки.
Жал ми е што споредувам со римејкот, ама ми е многу тазе кецот што е неизбежно. Марфи тука е речиси скроз лишен од личноста која претходно бил. Сеќавањата му се избришани, единствено нешто што е зачувано се неколку флешови од семејството и начинот на кој што го врти пиштолот, како што го вртел за да го импресионира синчето. Токму тој детал со пиштолот е тоа што го прави ликот дополнително тажен. Нема потреба од семејството да е присутно во приказната како што е во римејкот, доволно е само ова за да не потсеќа дека Робокап некогаш бил човек. Во такви ситни детали лежи убавината на филмот и суштината на ликот.
Питер Велер е одличен Робокоп. Дури работел и со пантомимичар за да ги усоврши движењата додека е во оклопот. Некогаш дури и покажува емоции со самото движење на телото. Самиот оклоп си е посебен карактер на некој начин. Како може да го смениш пиштолот што му излегува од нога или оној приклучокот на раката со кој се поврзува со компјутери и слично. Тоа се тие идеи кои треба да си останат недопрени.
Колку и некои моменти не можат да излезат од таа ера на филмови, RoboCop делува свежо и денес. И, покрај тоа што добар дел од технологијата е веќе реалност. Единствено не проаѓаат уличните криминалци во денешно време, карактеристични за 80-ти и рани 90-ти. Тоа е посебно обележје на одминат период. Штета што вакви филмови мора да трпат безобразни римејци. Деновиве планирам да ги изгледам и двојката и тројката. Кецов денес ептен фино ме олабави. Симнав и некоја мини-серија што сум ја пропуштил, наводно лоша, ама ќе морам лично да се уверам. Се вика Prime Directives, од 2000-та и има четири епизоди.
2 comments:
Верховен направи две топ СФ брутални сатири Робокап и Старшип Труперс, штета што блурејот на Робокап го заебаа, никаков трансфер. Кога спомна серија мислев онаа Робокап на А1 шо идеше порано. :) новиов PG-13 e Робокрап појќе :P
него шо сакав да те прашам...кај нас у Скопјево кај има пинбол да не знаеш, само у Рамстор? читнав одве дека си играл пред 3 години :))
...да не кажеш дека никој не ти го чита блогов :P
За пинбол стварно не знам. Имаше у Рамстор порано, сега не сум сигурен. Откако Милениум и Синеплекс почнаа да цепаат, само сум прошол поред тоа кино горе. Беше внатре, одма десно. Би требало да е уште таму. :)
Го читаат, како не го читаат. Три-четворица сте сигурно. :))
Post a Comment